Нов модел на авиони кои би можеле да ја променат иднината на летањето!

Нов модел на авиони кои би можеле да ја променат иднината на летањето!

Нов модел на авион би можел да ја промени иднината на летањето. Станува збор за нов тип на американски авион JetZero од Калифорнија кој се тестира за комерцијални патнички цели, за транспорт на карго, но и за воени цели.

Нов модел на авиони кои би можеле да ја променат иднината на летањето!

Посебниот облик на авионот не само што би обезбедил дополнителен простор за патниците и товарот што може да се превезе на еден лет туку би требало да ја намали и потрошувачката на гориво за 50 проценти.

Рамниот труп на леталото JetZero, кој бил развиен во соработка со американската вселенска агенција НАСА, се одликува со стабилен аеродинамички дизајн.

Овие промени во дизајнот придонесуваат за намалување на отпорот и тежината на самиот авион, а со тоа употреба на помали мотори и значителни финансиски заштеди.

Производителите на авиони Ербас и Боинг го изградија својот прототип на авион каде што трупот на авионот се спојува со крилата, но овој тип на авион сè уште не е во редовна употреба. Од компанијата JetZero сметаат дека нивните авиони ќе бидат во официјална употреба најдоцна до 2030 година.

Откако прочитавте за најновиот дизајн на авиони, можеби ќе сакате да прочитате и патувањето со авион од Пекинг до Њујорк за само еден час.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар