Се верува дека газираната вода позитивно влијае на варењето, поради што често се заменува со газиран сок. Сепак, дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден, открива нутриционистката Сара Хус.rnrn
rnrnСпоред нутриционистката, секојдневното внесување на газирана вода во организмот има позитивни и негативни страни. Газираната вода придонесува за подобра хидратација, а позитивно влијае и на варењето, неутрализацијата на желудочната киселина, работата на бубрезите и правилната работа на срцето.rnrnРезултатите од едно истражување покажале дека редовното внесување на газирана вода ја зголемува густината на коските, која инаку се губи со текот на годините.rnrnМеѓутоа, секојдневното внесување газирана вода има и негативни ефекти. Можете да ја оштетите забната глеѓ и да придонесете за развој на кариес.rnrnОсвен тоа, според лекарите, не треба да се внесува газирана вода на празен стомак бидејќи може да го влоши проблемот со варење. Најдобро е да се пие меѓу оброците и препорачливо е да се одбегнуваат газираните безалкохолни пијалаци.rnrnОткако прочитавте за позитивните и негативните ефекти од газираната вода, можеби ќе сакате да прочитате и колку газирана вода е премногу и дали може да ја замени обичната вода.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Дали и колку е безбедно да се пие газирана вода секој ден?
