Со спектакуларен поглед: Музеј на планина каде можете да научите многу работи за историјата на планинарството!

Со спектакуларен поглед: Музеј на планина каде можете да научите многу работи за историјата на планинарството!

Дали сте слушнале за Рајнхолд Меснер? Тој е познат италијански алпинист кој ги освоил сите 14 светски врвови повисоки од 8.000 метри и прв го искачил Монт Еверест без дополнителен кислород во официјалната експедиција во 1978 година.

Со спектакуларен поглед: Музеј на планина каде можете да научите многу работи за историјата на планинарството!

Рајнхолд Меснер го основал планинарскиот музеј Коронес. Музејот е лоциран на врвот Кронплац на 2275 метри височина и нуди спектакуларен поглед на Доломитите во Јужен Тирол.

Рајнхолд Меснер го отворил овој музеј на северот на Италија во 2015 година и го посветил на традиционалната планинарска и алпинистичка историја. Овде можете да погледнете предмети, алатки и фотографии кои сведочат за неговите планинарски потфати.

Главната атракција на музејот е неговата локација со прекрасна палуба за набљудување и уникатниот изглед на објектот, за кој бил задолжен познатиот архитект со ирачко-британски корени, Заха Хадид.

Откако прочитавте за музејот на Меснер, можеби ќе сакате да прочитате и за рајот за сите планинари: патека во Бутан долга 403 километри.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар