Што се случува кога чувствувате емотивна празнина?

Што се случува кога чувствувате емотивна празнина?

Дали некогаш се будите со чувство дека има голема дупка во вас? Како само да постоите наместо вистински да живеете? Откријте што се случува кога се чувствувате емотивно празно и како да ја вратите својата желба за живот.

Што се случува кога чувствувате емотивна празнина?

1. Се чувствувате лишени од мотивацијата и ентузијазмот за живот

Се будите наутро, а идејата да станете од кревет и да се справите со претстојниот ден изгледа како застрашувачка задача. Ги вршите вашите секојдневни рутини, без искра на ентузијазам, чувство на возбуда или цел.

2. Се сомневате во себе

Чувството на бесцелност може да ве измачува и да влијае на вашата самодоверба, но и да ве натера да се сомневате во вашиот идентитет. Во овој случај може да се наметне и сама по себе борбата со егзистенцијални прашања за тоа кои сте навистина и на кој начин се ограничувате себеси од можностите во животот.

3. Се чувствувате исклучени од светот околу вас

Чувството на празнина може да доведе до тоа да се оддалечите од саканите и да ви ја наметне потребата да се изолирате од сите.

4. Почнувате да барате духовни одговори

Што значи кога се чувствувате празно одвнатре? Па, тоа може да значи дека сте на работ на духовно будење! Кога, пак, ќе се обидете да ја пополните таа празнина со сите погрешни работи, почнувате да ја преиспитувате самата смисла на постоењето. Токму тогаш започнува потрагата по вечната вистина.

Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на емотивната празнина, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да си го уништувате сопствениот живот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар