9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо

9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо

Понекогаш предизвиците со кои се соочуваме нè принудуваат да се преиспитаме себеси, нашите животи, брзо да донесеме одлуки, да се запрашаме во која насока треба да продолжиме да чекориме… Понекогаш светлината на крајот од тунелот се чини толку далеку, но често сфаќаме дека сме посилни отколку што можеме да замислиме. Во продолжение прочитајте ги цитатите кои ќе ви помогнат во тешките животни ситуации и ќе направат да се чувствувате непобедливи секогаш кога ќе наидете на проблеми и тешкотии.

9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо

„Не може да постои неуспех кај човекот кој не ги изгубил храброста, карактерот, самопочитта и самодовербата.“ – Орисон Свит Марден

„Успешните луѓе имаат стравови, успешните луѓе се сомневаат и се грижат, а сепак не дозволуваат тие чувства да ги спречат.“ – Екер

„Можете да имате сè што ќе посакате ако се откажете од верувањето дека не можете да го имате“. – Др. Роберт Ентони

„Неработењето раѓа сомнеж и страв. Дејствувањето, пак, раѓа самодоверба и храброст. Ако сакате да го победите стравот, не седете дома размислувајќи за тоа. Излезете и почнете да работите.“ – Дејл Карнеги

„Ако слушнете глас во вас кој ви вели „не можете да сликате“, тогаш сликајте по секоја цена и на тој начин ќе го замолчите гласот.“ – Ван Гог

„Секој пораз содржи своја лекција која ве учи да бидете подобри следниот пат.“ – Малколм Икс

„Поразот е состојба на умот. Никој никогаш не е поразен додека поразот не го прифати како реалност.“ – Брус Ли

„Не треба да ги сфаќате вашите проблеми како пречки. Наместо тоа, важно е да разберете дека искуството со кое се соочувате и надминувањето на животните тешкотии е всушност една од вашите најголеми предности.“ – Мишел Обама

„Со непобедлива упорност може да се постигне речиси сè, а во тоа се состои разлика помеѓу големите и малите луѓе“. – Томас Фулер

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар