КАФЕ ПАУЗА

Ова е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!

Ова е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!

Патниците на booking.com го изгласале градот Кирквол во Шкотска за најгостопримлив град во Велика Британија во 2023 година. Кирквол ја добил оваа престижна титула благодарение на извонредното гостопримство на неговите жители.rnrnОва е еден од градовите во Европа со најниска стапка на криминал!rnrnСтанува збор за најголемиот град на архипелагот Оркнеј во Шкотска, кој има околу 70 острови, а во градот живеат околу 9.000 жители.rnrnЖителите на Кирквол се навикнати на туристи. Во летните месеци овде застануваат многубројни крстосувачи за да можат патниците да ја истражуваат неговата богата историја. Кирквол, имено, бил дел од норвешкото кралство и бил основан од Викинзите пред илјада години. Во 15 век се нашол под шкотска власт, така што градот денес е спој од скандинавската и шкотската култура.rnrnПреку истражување на локалните археолошки локалитети ќе научите многу интересни факти за Викинзите, но и ќе уживате во природните убавини и прекрасните плажи. Иако некогаш тука имало зандани во кои се чувале жени за кои се сомневале дека се вештерки, денес градот е безбедно место за живеење и има многу ниска стапка на криминал.rnrnВо едно интервју за DailyMail, локален таксист изјавил дека ги оставил паричникот, телефонот и клучевите од автомобилот на совозачкото седиште во неговото незаклучено возило дури четири дена – и никој не го ограбил.rnrnЛуѓето од Кирквол не размислуваат како да повредат некого, туку како да му помогнат. Истиот човек го изгубил паричникот во кој имало 850 фунти во готовина на аеродром на островот. Кога сфатил дека го нема паричникот, се помирил со фактот дека парите се изгубени.rnrnНо, сепак се вратил на аеродромот, надевајќи се дека некој му го нашол паричникот и му ги оставил личните документи. На шалтерот го чекало изненадување – не само што бил пронајден паричникот туку и сите пари биле во него.rnrnОткако прочитавте за овој шкотски град, можеби ќе сакате да прочитате и за најопасните градови во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr