Совети за одгледување петунија – идеално пролетно цвеќе за вашата тераса
Сега е вистинскиот момент да започнете со уредување на вашите тераси и градини доколку сте љубител на цвеќињата. Денес пишуваме за петунии, цвеќиња кои цветаат во текот на целата сезона и се садат во овој период.
Ги нарекуваат и балконски принцези, а потекнуваат од Јужна Америка. Овие едногодишни цвеќиња се големи љубители на сонцето, бидејќи сончевата светлина е клучот за нивната убавина. Ги има во различни бои и се многу украсни.
Препорачливо е да бидат засадени на место каде што ќе имаат пристап до сончева светлина најмалку шест часа дневно. Можете да ги засадите во саксии, или ако живеете во куќа во градината, но важно е да имаат доволно простор за да се рашират корените.
Откако ќе ги засадите, полевајте ги редовно при што внимавајте почвата да биде постојано влажна. Исто така, важно е редовно да се отстрануваат исушените цветови за да се поттикне формирањето на нови цветови и да се одржи убавиот изглед и бујноста на растението.
Треба да ги полевате двапати неделно, доколку се засадени во градината, но ако се во саксии, тогаш еднаш дневно, кога не е премногу топло, навечер или наутро. Добро би било и да им ставате ѓубриво, еднаш на секои две недели.
Постојат четири типа на петунии:
Ground cover – оваа категорија е идеална за покривање големи површини поради нејзиниот интензивен раст.
Grandiflora – петуниите од оваа категорија имаат луксузно големи цветови.
Multiflora – цвеќињата се малку помали по големина и се претежно со светли бои
Miliflora – како што е случајот со претходната категорија, така и оваа се карактеризира со помали цветови и е идеална за украсување на мали површини.
Откако прочитавте за петуниите, можеби ќе сакате да прочитате и идеи за пролетна декорација на домот со вашите омилени цвеќиња.
Извор: citymagazine.danas.rs