Консумирајте ги овие намирници за повеќе енергија во текот на целиот ден!
Во моментите кога ви треба енергија, може да биде сосема нормално да посегнете по филџан кафе во текот на денот. Сепак, ефектите на кафето се краткотрајни и затоа нутриционистите препорачуваат да консумирате почесто одредени намирници. Но, кои видови храна можат да ви дадат енергија која ќе трае во текот на целиот ден?
Рафинираните јаглехидрати (додаден шеќер и бел леб) брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта и всушност побрзо доведуваат до замор, но на сложените јаглехидрати (овошје, зеленчук, цели зрна) им треба многу подолго време за варење бидејќи постепено го зголемуваат нивото на гликоза во крвта и му даваат на вашето тело повеќе одржлива енергија. Заедно со јаглехидратите, здравите масти како омега-3 масните киселини обезбедуваат одржлива енергија, а храната богата со протеини може да го одржи нивото на енергија со тоа што ќе го спречи гладот и ќе ве одржува сити подолго време. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги консумирате почесто доколку сакате да имате енергија во текот на целиот ден.
Грчки јогурт
Грчкиот јогурт може да биде одлична закуска која ќе ви даде енергија во текот на денот бидејќи содржи протеини кои ќе ве одржуваат со часови. Можете исто така да додадете бобинки богати со влакна и бадеми кои содржат здрави масти.
Туна и лосос
Масните риби како лососот и туната можат да обезбедат одржлива енергија во текот на денот поради високите нивоа на омега-3 масни киселини. Овие здрави масти помагаат во регулирањето на нивото на инсулин и го намалуваат воспалението во телото, што може да помогне во одржувањето на нивото на енергија и да го подобри целокупното физичко и ментално здравје.
Киноа
Друга храна богата со јаглехидрати која може да ви даде здрава, постојана енергија е киноата – нешто што можете да го вклучите во секој оброк во текот на денот. Киноата е сложен јаглехидрат со висока содржина на влакна и протеини кои обезбедуваат континуирано ослободување на енергија во текот на денот. Содржи важни хранливи материи како што се железо, магнезиум и витамини од групата Б кои помагаат во одржување на нивото на енергија.
Јаткасти плодови
Кога сте гладни и ви треба енергија, можете да консумирате ореви бидејќи тие овозможуваат бавно ослободување на енергијата во текот на денот. Јаткастите плодови содржат протеини, здрави масти и влакна – совршена мешавина за да се чувствувате сити и да ги спречите флуктуациите на гликозата во крвта. Покрај тоа, оревите содржат и омега-3 масни киселини кои се корисни за срцето.
Бобинки
Овие плодови се еден од најдобрите избори за енергија бидејќи содржат витамин Б и калиум.
Откако прочитавте кои намирници можат да ве снабдат со доволно енергија во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.
Извор: ljepotaizdravlje.hr