Лебот е незаменлив дел од исхраната на речиси секој човек. Сепак, не се сите видови леб исти и добро би било доколку сте внимателни при изборот.
Експертите велат дека на возрасен човек дневно му се потребни две до четири кришки леб и дека тој може да биде дел од здравата исхрана, но само ако правилно го изберете. Еве кој леб е најздрав, а кој треба да го избегнувате според нутриционистот Сузи Барел.rn
Леб од цело зрно
rnЛебот направен од цели зрна е многу добар за варење и е богат со хранливи материи, но не дозволувајте тоа да ве измами бидејќи има исти калории како и другите видови леб.rn
Интегрален леб
rnНеговата голема предност е што е богат со растителни влакна. „Ако сте нетолерантни на житарки, интегралниот леб е втората најдобра опција“, вели нутриционистот. Интегралниот леб содржи многу повеќе влакна од белиот леб, а содржи и минерали како магнезиум, цинк и калиум.rn
Леб со додатоци
rnМожете да го купите во речиси секоја продавница, а го има на полиците за здрава храна. Содржи житарки, влакна, витамини и добри масти.rn
Бел леб
rnОва е најлошата опција кога станува збор за изборот на леб. „Белиот леб најбрзо се вари и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што не е добра опција“, посочува Сузи Бурел.
Откако прочитавте за различните видови леб, можеби ќе сакате да прочитате и за овој трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот.
Извор: citymagazine.danas.rs

