Ова се најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае!

Ова се најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае!

Се ближи Меѓународниот ден на жената кога во центарот на вниманието се правата и благосостојбата на жените, иако жените треба да се третираат достоинствено во текот на целата година, наместо само еден ден во годината. Во продолжение прочитајте ги најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае.

Ова се најважните животни лекции кои секоја жена мора да ги знае!

Дури и денес, жените се соочуваат со разноразни предизвици и борби во личниот и професионалниот живот. Од родовата нееднаквост до општествениот притисок, среде сиот хаос и конфузија, постојат неколку важни лекции што жените мора да ги научат и да ги практикуваат со цел да го подобрат своето ментално, емоционално и физичко здравје.

1. Научете да го прифаќате своето автентично „јас“

Самоприфаќањето е, всушност, прифаќање на вашето вистинско јас, со сите негови недостатоци и несовршености. Тоа значи да се откажете од потребата за совршенство и да научите да се сакате безусловно. Признајте ги вашите борби и неуспеси и пружете си утеха и охрабрување, наместо самокритика и осудување. Однесувајте се кон себе со љубезност, разбирање и поддршка, исто како што би правеле со добар пријател.

2. Не можете да ги усреќите сите

Жените сметаат дека нивна одговорност е да се грижат за сите (секој друг освен за себе!) и да ги усреќат. Но, и покрај тоа што е добра работа да се биде сочувствителен и да се размислува за среќата на другите луѓе, не треба секогаш да се ставате себеси на последно место.

3. Не се чувствувајте виновни затоа што не сакате да имате деца

Одлуката да имате деца или не е лична одлука врз основа на вашите желби, вредности и околности. Никогаш не смеете да ја носите оваа одлука поради обврска, принуда или вина. Општеството често врши притисок врз жените да имаат деца и претпоставува дека мајчинството е природна и примарна улога на жената. Сепак, само вие одлучувате дали мајчинството е природен избор за вас или не. Никој нема право да ве осудува или да ве принуди да имате деца ако тоа не е она што го сакате.

4. Не дозволувајте другите да ве замолчат

Ова е една од најважните лекции што секоја жена треба да ја запомни. Не дозволувајте никој да зборува над вас (особено маж!), само затоа што сте жена. Дури и денес, има толку многу жени кои не можат да ги изразат своите мислења затоа што автоматски се претпоставува дека немаат ништо вредно да придонесат. Секоја жена треба да има повеќе верба во себе и да се чувствува посигурна во својот талент, вештини и достигнувања. Секогаш кога некој не ви дозволува да завршите, кажете: „Извинете. Не завршив со зборувањето“. Ставете му крај на таквото токсично однесување и јасно испратете порака дека нема да толерирате непрофесионално и нефер однесување.

5. Научете да велите „не“ без да се чувствувате виновни и себични

Ова е уште една клучна животна лекција за секоја жена. Ако кажете „не“, тоа не ве прави себични или нељубезни; тоа значи дека го цените вашето време и енергија. Многу жени се борат да кажат „не“, често поради страв да не ги разочараат другите. Меѓутоа, ако велите „да“ на сè, тоа може да доведе до исцрпеност, стрес и недостаток на време за работите што ви се најважни.

6. Опкружете се со позитивни и љубезни луѓе

Луѓето околу вас имаат значително влијание врз вашиот живот. Опкружувањето со позитивни луѓе може да го подобри вашето расположение, да ве инспирира и да ве поттикне да ги следите вашите цели. Спротивно на тоа, опкружувањето со негативни и токсични луѓе може да ви ја исцрпи енергијата и да ја намали вашата самодоверба.

7. Никогаш не потценувајте се себеси

Да бидете свесни за вашата вредност значи да се цените себеси и да знаете дека заслужувате почит, љубов и добрина. За жал, општеството често ги учи жените да се сомневаат во нивната вредност и да прифаќаат помалку отколку што заслужуваат. Неопходно е жените да сфатат дека нивната вредност не зависи од нивниот изглед, достигнувања или врски. Вие сте вредни едноставно затоа што постоите. Кога сте свесни за вашата вредност, помала е веројатноста да се задоволите со помалку отколку што заслужувате. Знаејќи ја вашата вредност, исто така, можете да поставите здрави граници и да кажете „не“ на работите кои не се усогласени со вашите вредности или цели.

Откако прочитавте кои се најважните лекции кои секоја жена мора да ги знае, можеби ќе сакате да прочитате и што е сигма жена и кои се нејзините карактеристики.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар