Dimitri Bourriau, професионално познат како Jahz Design, е графички дизајнер и фотограф со огромна страст кон историјата и архитектурата. Неговата работа се фокусира на истражување на урнатините од минатото и набљудување на ефектите на времето врз архитектурата.rnrn
rnrnВо последните неколку години тој се занимава со урбано истражување и фотографирање на напуштени историски објекти. Преку фотографиите, тој има за цел да покаже дека овие напуштени места не се заборавени туку претставуваат премин од природата кон човекот и од човекот кон природата. Секоја фотографија што ја прави е фотографско сведоштво кое служи како форма на архивирање.rnrnНа овие фотографии можете да видите стари дрвени порти во Венеција, врати од ковано железо со елегантни детали и цврсти камени врати кои го издржале тестот на времето. Според него, секоја од овие врати е сведоштво за историјата на Венеција и нејзината богата култура.rn
„Имав шанса да прошетам по калдрмисаните улици на овој неверојатно убав град и да ги доловам најубавите порти, т.н. „водни порти“, изјавува фотографот.
rn
rnrn rnrn
rnrn
rnrn rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако ги погледнавте овие фотографии од Венеција, можеби ќе сакате да ја погледнете и убавината на Венеција претставена преку цртежи насликани со водени бои.rnrnИзвор: designyoutrust.com
