Полека се приближуваат март и пролетта, периодот на љубовта, топлината и позитивната енергија. За да го дочекате март исполнети со среќа и убава енергија, важно е да се ослободите од сè што е негативно и да оставите простор за новите можности. Во продолжение прочитајте кои 5 работи треба да ги исфрлите од вашиот живот за да ја најдете среќата во март:rnrn
rn
1. Токсична врска
rnОвој март треба да се обидете да се ослободите од токсичните врски и тоа не само во поглед на љубовта, туку и пријателството. Ако постојано сте во контакт со личност која ви ја цица енергијата или прави да се чувствувате лошо, ве вознемирува, ви предизвикува чувство на вина и негативно ви влијае, тогаш време е да ставите крај. Овој март е совршено време да се ослободите од врските кои ви носат повеќе негативност отколку позитивност.rn
2. Фокусирање на негативното
rnОвој март треба да се ослободите од навиката да се фокусирате на нешто лошо и негативно. Пролетта започна, затоа е важно да се размислува за позитивното. Вистина е дека често во животот не секогаш сè се одвива како што ние посакуваме, но тоа не значи дека треба да очајуваме или да се грижиме. Не заборавајте дека кога-тогаш ситуацијата ќе се подобри.rn
3. Погрешни приоритети
rnВо март 2023 година обидете се да ги насочите своите мисли и постапки кон постигнување на најдобри резултати во областите што ги сметате за најважни. Јасно поставете ги вашите приоритети, преземете ги првите чекори и ќе забележите како секој ден сè повеќе се приближувате до посакуваниот сон.rn
4. Озборувања
rnОслободете се од желбата за озборување и обидете се да се фокусирате на нешто поважно во комуникацијата со другите луѓе. Озборувањето е токсична и негативна навика која лошо влијае на вас и вашата енергија, како и на односите со другите. Ако некој почне да зборува за другите и туѓите животи, јасно истакнете дека сакате комуникацијата да се сврти во друга насока.rn
5. Споредување со другите
rnВо март многу ваши желби ќе добијат зелено светло и тоа благодарение на новите можности. Ако се фокусирате на себе, наместо да се споредувате со другите, можете да постигнете многу повеќе. Споредбата со другите може да ви влијае негативно преку недостаток на самодоверба, жалење, завист и низа саботирачки чувства и мисли. Наместо тоа, фокусирајте се на себе и на вашиот развој; единствената личност со која треба да се споредувате сте вие самите. Дали денес сте подобри од она што сте биле вчера?rnrnОткако прочитавте за работите и навиките од кои треба да се ослободите доколку сакате да ја пронајдете среќата во март, можеби ќе сакате да прочитате и за 3-те чекори до среќата: Одлична вежба која ќе ви даде храброст да си го промените животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
