Голем остров со ѓубре се наоѓа во Тихиот Океан во регионот помеѓу Калифорнија и Хаваите. Зазема површина од 1,6 милиони квадратни километри и содржи повеќе од 79.000 тони фрлена пластика.rnrn
rnrnОвој остров на ѓубре не само што ја загрозува животната средина туку и значително го уништува екосистемот и е причина за голем број смртни случаи кај китовите, делфините, морските птици и другите животни кои живеат во оваа област. Не е изненадување што чистењето на ова монументално парче ѓубре во Тихиот Океан се смета за апсолутен императив.rnrnКако да се реши овој проблем? Архитектите Хуан Мануел Прието и Клара Фокача од аргентинската компанија Estudio Focaccia Prieto во соработка со уметникот Макси Араја го дизајнирале „Полимерополис“ – серија џиновски пловечки острови кои го чистат океанот.rnrnОвие пловечки острови би биле опкружени со мрежа поврзана со систем за филтрирање на водата кој би ја прочистувал и би собирал микропластика. Дополнително, пластиката од овој отпад би можела да се искористи како компонента за производство на рециклиран градежен материјал.rnrnПолимерополис би го користел и движењето на плимата за да генерира чиста електрична енергија. Згора на тоа, затворените лагуни би произведувале храна за да ги нахранат жителите на овие пловечки острови. Во секој од овие градови би живееле приближно 4000 луѓе, а би се обезбедило и место за рекреација и забава.rnrnОткако прочитавте за овие џиновски, пловечки острови, можеби ќе сакате да прочитате и за прекрасното езеро со илјада острови кое нема лесно да го лоцирате на мапата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дизајнирани се џиновски пловечки острови кои би можеле да го исчистат отпадокот во Тихиот Океан!
