Вистинска љубов или обична привлечност? Дознајте со помош на овие знаци!

Вистинска љубов или обична привлечност? Дознајте со помош на овие знаци!

Како да препознаете дека сакате некого? Можеби некого безнадежно ве привлекува, но како да препознаете дали е тоа љубов или нешто друго? Прочитајте во продолжение!

Вистинска љубов или обична привлечност? Дознајте со помош на овие знаци!

1. Ве тераат да заборавите на вашата болка

Едно истражување покажало дека размислувањето за саканата личност може да ги натера луѓето да се ослободат од болката. Сигурно љубовта не е одговор на сите проблеми, но кога некој ќе ви ги отстрани сите стресови, грижи, повреди и разочарувања, тоа е знак на вистинска љубов.

2. Станувате попозитивни

Кога сте заљубени, вашиот мозок ослободува хормон наречен окситоцин, познат и како „хормон на љубовта“. Неговата главна задача е да ги намали чувствата на вознемиреност или тага и да го зајакне вашето расположение. Ова не само што ве тера да заборавите на вашите неволји туку и го обновува целиот ваш став кон животот и ги прифаќате нештата на позитивен начин.

3. Уживате максимално додека сте со нив

Како да препознаете дали сакате некого кој ви пружи вистинска среќа, а не мали радосни моменти? Дури и кога небото е сиво, дури и кога денот ви е полн со стресови и неволји, знаете дека сте длабоко заљубени кога покрај себе имате некого кој е подготвен да ви помогне во секоја ситуација.

4. Подготвени сте за нови искуства

Благодарение на љубовта, станавте флексибилна личност и сте подготвени за нови и возбудливи искуства кои порано биле надвор од вашата комфорна зона.

5. Ги вклучувате во вашиот живот

Размислувате да ги запознаете со вашето семејство. Планирате да ги поканите следниот пат кога ќе излезете со пријателите. Го барате нивното мислење додека донесувате значајна животна одлука. Како да знаете дека сакате некого, а тоа не е минлива фаза? Ја замислувате вашата заедничка иднина и не можете да размислувате да не ги вклучите во вашиот живот.

6. Сè почнува да ве потсетува на нив

Се шетате во паркот и наеднаш ќе забележите некој што изгледа токму како вашата сакана личност. Слушате романтична песна на радио и мислата за вашиот сакан ви се појавува во главата. Кога сте заљубени, се чини дека целиот универзум ве потсетува на нив.

7. Развивате вистински интерес за нив

Како да знаете дека сакате некого и дека тоа е повеќе од само привлечност? Сакате да знаете сè за нив, за нивното детство, страст, хобија и цели.

8. Сакате да споделите сè со нив

Ќе им го преплавите телефонот со слики од вашето патување од минатото лето. Ќе сакате да споделите за вашето унапредување на работа. Исто така, ќе ја споделите вашата болка или тага поради загуба или неуспех за кои би ви било премногу непријатно да разговарате со другите.

9. Тие се секогаш во вашите мисли

Одите во кревет и вашите последни мисли пред спиење се за нив и се будите и тие се првото нешто на кое размислувате.

10. Вреди сиот труд што сте го вложиле

Како да знаете дека вистински сте заљубени? Сиот труд што сте го вложиле во врската заедно со љубомората, расправиите, солзите што сте ги пролеале, анксиозноста и непроспиените ноќи, сето тоа вреди. Не заборавајте дека една од најважните работи е љубовта, а едно од најубавите чувства е сознанието дека сте сакани.

Откако прочитавте кои се знаците кои ќе ви укажат дали чувствувате вистинска љубов или не, можеби ќе сакате да прочитате и зошто не треба да се откажете од љубовта.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар