Рецепт за вкусна и здрава торта без брашно
Денес ви споделуваме рецепт за торта без брашно и шеќер која е лесна и едноставна за подготовка. Со оглед на тоа дека се состои од здрави состојки, идеална е за појадок со шолја чај.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 100 грама излупени јаболка
- 30 милилитри млеко
- 40 грама овесни снегулки
- 1/3 лажичка цимет
- 1/2 лажица прашок за пециво
- 1 лажица мед
За фил:
- 170 грама благо крем сирење
- 2 лажици мед
- 20 грама суви сливи
- 10 грама ореви
Начин на подготовка:
Прелијте ги со врела вода сувите сливи и оставете ги да отстојат 10 минути, а потоа исушете ги и ситно исечкајте ги. Исечете ги јаболката на мали парчиња. Во блендер ставете ги парчињата јаболка, јајцето, млекото, овесните снегулки, прашокот за пециво, циметот и медот. Мешајте додека не добиете еднолична смеса.
Намачкајте со масло тавче со дијаметар од 24 см. Добро загрејте го, истурете го тестото и рамномерно распоредете го на тавата. На тивок оган пропржете ја кората под капакот, околу 8 минути од едната и 4 минути од другата страна. Оставете ја да се излади и исечете ја на 4 дела.
За филот измешајте ги крем сирењето и медот додека не добиете мазна и кремаста смеса. Нмачкајте го филот врз кората, наредете ги парчињата суви сливи, па ставете ја кората и сè така додека не ги потрошите состојките. Врз колачот посипете сечкани ореви. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен француски десерт без брашно.
Извор: sensa.mondo.rs