Кои знаци ќе ви укажат на потребата од мултивитамини?
Правилната и урамнотежена исхрана богата со витамини и хранливи материи е неопходна доколку сакате да останете здрави. Сепак, понекогаш е навистина предизвик сите оброци да бидат здрави и урамнотежени и секој од нив да содржи точно количество витамини и минерали кои му се потребни на телото.
Многу луѓе во вакви ситуации посегнуваат по разни додатоци во исхраната, а во овој случај најчесто се користат мултивитамините. Но, дали можете да процените во кој случај тие ви се потребни? Во продолжение прочитајте кои знаци ќе ви укажат на потребата од мултивитамини.
Кршливи нокти и кршлива коса
Сувата коса склона кон кршење може да биде знак за честа употреба на штетни производи за обликување на косата или одредени здравствени проблеми. Според експертите, кршливите коса и нокти може да бидат и знак за недостаток на хранливи материи како цинк, железо, биотин или други витамини од Б-комплексот. Затоа, земањето мултивитамини може да ви помогне да ги надоместите овие витамини и минерали и да имате поцврсти нокти и коса.
Често сте уморни и лесно го губите здивот
Тешкотиите со дишењето и ниското ниво на енергија можат да бидат знак дека сте анемични и дека имате ниско ниво на железо. Консумирањето мултивитамини со железо може да помогне да се зголемат резервите на железо и да се подобри квалитетот на црвените крвни зрнца. Ова може да ги подобри нивоата на енергија и транспортот на кислород што ќе направи да се чувствувате подобро.
Често сте болни
Дневната доза мултивитамини може да ви помогне да ги задоволите вашите дневни потреби за витамини Ц, А и Д кои се неопходни за здрав имунолошки систем. Проценете сами колку често сте болни и дали е навистина често (три до четири пати годишно), па во тој случај посветете му повеќе внимание на вашиот имунолошки систем.
Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на потреба од мултивитамини, можеби ќе сакате да прочитате и кои витамини и минерали се неопходни за здрави и цврсти коски.
Извор: ljepotaizdravlje.hr