Колку долго може да стои во фрижидер руската салата?
Иако сезоната со празници и слави привршува, сепак сигурни сме дека во вашиот фрижидер сè уште може да се најде руска салата, незаменлив додаток за време на новогодишните и божиќните празници.
Оваа салата е релативно лесна за подготовка, но и поради состојките подлежи на брзо расипување. Во продолжение прочитајте колку долго и како можете да ја чувате руската салата.
На сите им е добро познато дека салатата се состои од производи како шунка, мајонез и разни видови зеленчук.
Дополнително, ако ја покриете салатата со фолија, дозволувате микроорганизмите да дојдат до неа. Како резултат на тоа, внесувате голема количина на бактерии во вашето тело, честопати дури и без да го сфатите тоа.
Затоа е најдобро да ја чувате салатата во сад со капак и на ладно место, односно во фрижидер.
Најдобро би било да ја јадете во рок од 3 дена, без разлика дали се работи за посна или мрсна салата.
Причината за тоа е што по одредено време, особено ако ја чувате подолго време надвор од фрижидер, состојките ферментираат и се расипуваат. Не би било лошо да ја префрлите салатата во чинија, а потоа веднаш да ја вратите во фрижидер, за да не се расипе.
Исто така, експертите препорачуваат 4 степени целзиусови како идеална температура за чување на руската салата.
Откако прочитавте како да ја чувате руската салата во фриждер, можеби ќе сакате да прочитате и за здравиот појадок кој го лечи телото од претерана консумација на руска салата и сарми.
Извор: citymagazine.danas.rs