КАФЕ ПАУЗА

Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

Written by

in

,

Дали се плашите од помислата дека утре треба да одите на работа? Без разлика дали се работи за строг шеф, натрупан распоред со задачи или злонамерни колеги, токсичната работна средина може да има значителен негативен ефект врз вашето ментално здравје, а тоа може да доведе до високи нивоа на стрес, несоница и депресија.rnrnКако да се справите со токсичната работна атмосфера?rnrnВажно е да ги препознаете знаците на токсична работна средина и да знаете кога е време да заминете. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за тоа како да се справите со неа.rn

Запомнете дека не сте вие виновни

rnНегативната енергија на вашето работно место не е ваша вина. Иако позитивниот став може да помогне во одредени ситуации, запомнете дека вие самите не можете да ја подобрите енергијата и начинот на размислување/однесување на вашите колеги.rn

Направете пауза за ручек на друго место

rnЗадолжително направете пауза за ручек надвор од работната средина. Седнете во природа ако е можно.rn

Поставете граници

rnНе дозволувајте да бидете малтретирани и да ја прескокнувате паузата за ручек или да работите дополнителни часови за кои нема да добиете надомест. Објаснете му на вашиот шеф дека ви е потребна пауза за да се одморите и добро да ја завршите својата работа.rn

Фокусирајте се на вашите цели

rnБез разлика на сè, обидете се да останете позитивни. Нема да бидете тука засекогаш затоа што имате поголеми и подобри цели пред вас.rn

Отстранете ја напнатоста по работата

rnСледете ги вашите мали ритуали кои можат да ви помогнат да ги отстраните негативната енергија и напнатоста по завршувањето на работата како топол туш, прошетка во природа или разговор со пријател.rn

Не ги заборавајте вашите вредности

rnАко некој на работа е суров кон вас, потрудете се да не одговорите на ист начин. Тоа само ќе направи ситуацијата да ескалира.rn

План Б

rnАко не постојат знаци за прекинување на токсичната работна атмосфера во блиска иднина, започнете со потрагата по ново работно место.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да се справите со токсичната работна атмосфера, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат дека имате токсично работно место.rnrnИзвор: healthline.com