5 евтини дестинации за патување во 2023 година

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Сигурно сте го забележале фактот дека луѓето патуваат повеќе од кога било досега. Една од причините за тоа е и пандемијата која го погоди целиот свет, па не е ништо чудно што луѓето се желни за нови патувања и откривање нови места. Туристичките агенции веќе работат со полн капацитет, а сè што треба да направите е да го изберете посакуваниот термин и место, бидејќи речиси секој викенд има нови дестинации. Во продолжение прочитајте кои земји ги издвоивме како достапни и евтини дестинации за патување во 2023 година.

Турција

Република Турција е евроазиска земја која се наоѓа во југоисточниот дел на Европа и југозападниот дел на Азија (Мала Азија). Задолжително посетете го Истанбул, прекрасната турска престолнина. Ќе бидете воодушевени од културата, храната и турското кафе, а крстарењето со брод по Босфор ќе ви понуди прекрасен поглед кон градот.

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Бугарија

Бугарија е една од најевтините дестинации во Европа и секој нејзин дел е посебен за истражување. Задолжително посетете го главниот град Софија, но и други мали градови каде што можете да ги истражувате знаменитостите и културата.

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Романија

Романија е земја во Југоисточна, делумно во Централна Европа која се карактеризира со разновиден пејзаж, од ридови и планини до плажи. Она што е исклучително привлечно за оваа земја е националната кујна и затоа мора да пробате некои од нивните локални јадења.

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Чешка

Чешка, официјално Чешка Република, е земја во Централна Европа, која се граничи со Полска на североисток, Словачка на југоисток, Австрија на југ и Германија на запад и северозапад. Главен град на Чешка е Прага, кој се нарекува и Златен град и град на сто кули. Посетете го Стариот град и Карловиот мост, како и музејот Кафка. Чешка е првата земја во светот според количината на консумирање пиво по жител годишно. Затоа, не пропуштајте да го пробате нивното пиво!

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Унгарија

Унгарија и нејзиниот главен град Будимпешта се дел од дестинациите што мора да ги видите барем еднаш во животот. Се одликуваат со прекрасен пејзаж, локална храна, архитектура… Освен тоа, оваа земја е посебно позната по фактот дека овде се наоѓа езерото Балатон, најголемото во Централна Европа. Во зависност од тоа како патувате, можете да најдете хостели во кои можете многу евтино да преноќите.

5 евтини дестинации за патување во 2023 година

Откако прочитавте за нашиот избор на евтини дестинации за патување во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те најевтини европски градови за викенд патување.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар