5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година!

5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година!

Сигурно ви е добро познато дека негата на кожата и здравиот начин на живот можат многу да придонесат за одложување на природниот процес на стареење и да спречат разноразни проблеми со кожата. Затоа, водечките естетски експерти ви препорачуваат да ги следите овие совети, особено доколку немате време за интензивна нега на кожата.

5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година!

1. Чистење на лицето

Секоја вечер пред заспивање чистете го лицето со препарат за чистење избран според потребите на вашата кожа. Тоа е суштински чекор во вашата рутина за нега на кожата со цел да ја ослободите од насобраните токсини во текот на денот, да ѝ овозможите на кожата да „дише“ и да ја активира природната регенеративна моќ. Меѓу другото, несоодветното или недоволното чистење може да го наруши микробиомот на кожата и да предизвика одредени проблеми, како чувство на затегнатост и дехидрација.

2. Закажете преглед кај дерматолог

Исто како што одите на стоматолог барем еднаш годишно за отстранување на забен камен, што е неопходно за вашата орална хигиена, закажете барем еден преглед годишно на дерматолог кој ќе ви даде совети за вашата кожа.

3. Усогласете ја негата на кожата во однос на сезоната

Усогласете ја вашата козметичка рутина со секоја сезона бидејќи потребите на вашата кожа не се исти на топло и ладно време. На пример, избегнувајте честа употреба на пилинг на ладно време, а во лето заменете ја богатата крема за лице со лосион.

4. Нанесете маска по пилинг

Кога правите пилинг, идеално е потоа да нанесете смирувачка маска. По пилингот, кожата е почувствителна, а маската за лице ќе ја смири и ќе го зајакне нејзиниот микробиом.

5. Почнете да користите масло за лице

Без разлика дали вашата кожа е сува или мрсна, заменете ја вашата хидратантна крема со масло кое е соодветно за вашиот тип на кожа. Тоа ќе ја нахрани сувата кожа, додека пак ќе го регулира производството на себум кај мрсната кожа.

Откако ги прочитавте нашите совети за нега на кожата, можеби ќе сакате да ги прочитате и советите за нега на кожа со масло од шафраника.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар