Кои се лековитите својства на чајот од жалфија?

Кои се лековитите својства на чајот од жалфија?

Познато е дека чајот од жалфија најчесто се користи за болки во грлото, но ова не е единственото лековито својство на ова растение. Жалфијата на латински се нарекува Salvia officinalis, а зборот „salvia“ значи „лечи“ или „спасува“. Меѓу другото, почнала да се применува во медицината уште пред многу векови со оглед на тоа дека им била позната на Египќаните, Римјаните и Грците.

Кои се лековитите својства на чајот од жалфија?

Една лажичка мелена жалфија содржи 10 проценти од дневната вредност на витамин К кој може да го подобри здравјето на коските и да го намали ризикот од згрутчување на крвта. Оваа билка содржи и други хранливи материи, како што се магнезиум и витамин А. Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.

1. Жалфијата е преполна со антиоксиданси

Листовите од жалфија имаат антивоспалителни својства и помагаат во заштитата од слободните радикали. Тие содржат полифеноли кои го намалуваат ризикот од болести и ја зајакнуваат меморијата.

2. Жалфијата има антимикробни својства

Жалфијата може да се користи како средство за детоксикација. Истражувањата исто така сугерираат дека етеричното масло од жалфија може да биде ефикасно средство за дезинфекција против микроорганизмите во воздухот, може да се користи како дезодоранс, но и во лекување на рани и одредени инфекции на кожата.

3. Жалфијата може да помогне при проблеми со варењето

Жалфијата е еден од најдобрите природни лекови за вашите црева. Истражувањата покажале дека екстрактот од жалфија може да помогне да се спречи дијареја.

Начин на подготовка:

Прелијте една кафена лажичка жалфија со 20 милилитри врела вода. Оставете го чајот да отстои 5 минути, процедете го и засладете го по желба. Пијте 1-2 пати на ден по една шолја чај.

Откако прочитавте за лековитите својства на чајот од жалфија, можеби ќе сакате да прочитате и за лековитите својства на маслото од кантарион.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар