Тест: Изберете слика и добијте совет за јануари 2023 година!

Тест: Изберете слика и добијте совет за јануари 2023 година!

Изберете ја сликата што најмногу ве привлекува. Таа ќе ви донесе мудри совети за јануари 2023 година!

Тест: Изберете слика и добијте совет за јануари 2023 година!

  • Слика бр. 1

    Во текот на јануари посветете време во анализирање на вашата личност и душа. Поминете време со себе, во мир и тишина. Запрашајте се дали го правите она што ве прави навистина среќни или живеете во рутина што ја задушува вашата радост во животот. Од друга страна, зоната на удобност може да биде многу опасна. Навикнати сте на ваква рутина и верувате дека ви е подобро, но тоа не е секогаш точно. Затоа, не дозволувајте стравот да ве кочи доколку сакате да ги постигнете своите цели. Научете да се сакате себеси и да се прифатите такви какви што сте, но и да не се спротивставувате на промените. Вашиот живот ќе се промени кога ќе си дадете можност да излезете од вашата удобна зона.

  • Слика бр. 2

    Месецот јануари може да биде фантастичен за преиспитување на вашите избори. Испитајте се себеси и работите што ви се случиле и на крајот ќе ги разберете причините зошто сè се случило како што се случило. Кога со сето срце ќе ги прифатите вашите избори тогаш станувате свесни, бидејќи престанувате да се жалите и можете да извлечете поука од она што ви се случува, наместо постојано да чувствувате негативна енергија. Бидете трпеливи и ќе видите дека со текот на времето сè ќе си дојде на свое место.

  • Слика бр. 3

    Во текот на јануари можете да се фокусирате на емоциите и да работите на нив. Сè што треба да направите е да се запрашате како ви влијаат емоциите. Дали дозволувате вашите негативни емоции да владеат со вашиот живот? Треба да научите да живеете со она што ви се случува и да најдете начин да се изборите со сета негативност за да спречите таа да влијае на вашиот живот. Нема ништо лошо во тоа да им се препуштите на емоциите, но треба да најдете рамнотежа. Медитацијата е една од техниките кои можат да ви помогнат да најдете рамнотежа и долго посакуваниот мир во себе. Слушајте го своето внатрешно јас и следете ги вашите инстинкти.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што не треба да правите во 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар