Прсти да излижете: Бразилски крокети со пилешко и сирење
Бразилските пилешки крокети наречени coxinha се популарна закуска во оваа јужноамериканска земја. Можат да бидат кружни или издолжени, во зависност од вашата желба…
Потребни состојки за 10 лица:
За фил:
- 400 грама варено пилешко
- 100 грама свежо сирење
- 1 лажица маслиново масло
- 4 чешниња лук
- 3 лажици сечкан свеж магдонос
- 1 главица кромид
- ½ лажичка црвен пипер
- сол и бибер по вкус
За тесто:
- 1 лажица путер
- 400 милилитри полномасно млеко
- 50 милилитри пилешки супа
- 400 грама брашно
Дополнителни состојки:
- јајца
- презла
- масло за пржење
Начин на подготовка:
1. Загрејте го маслото во тенџере и пржете ги парчињата лук и кромид додека не поруменат. Додадете го исечканото варено пилешко, сол, бибер и сè добро измешајте.
2. Префрлете го филот во сад , додадете го крем сирењето и магдоносот и убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.
3. Во истото тенџере растопете го путерот, додадете ги пилешката супа и млекото и оставете ги да зовријат. Потоа додадете го брашното и мешајте додека не добиете тесто.
4. Тестото префрлете го на рамна површина и оставете малку да се излади.
5. Земете парче тесто со големина на јајце и обликувајте го во форма на топче. Потоа со раце развлечете го во круг, а во средината ставете една лажица фил. Тестото завиткајте го околу филот во облик на круша.
6. Премачкајте ги крокетите со јајце и презла и пржете ги на врело масло додека не поруменат. Послужете со сос по желба. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо.
Извор: punkufer.dnevnik.hr