Месечината ќе биде во фаза на опаѓање сè до 23 ноември: Како ќе ни влијае и што треба да правиме?
Според астролозите, секоја фаза на Месечината има одредено значење и енергија, а од 9 до 23 ноември Месечината ќе биде во т.н. „опаѓачка фаза“. На 8-ми ноември имавме полна Месечина во Бик, а сега нејзината светлина почнува да се намалува како што се приближува до фазата на младата Месечина на 23 ноември. Што е пожелно да направите за себе во текот на оваа фаза на Месечината според астролозите?
1. Креативна енергија
Во периодот кога Месечината се намалува ќе ви биде полесно да најдете инспирација. Ќе имате многу идеи, а особено ќе ве радуваат креативните работи, кои освен среќа, можат да ви донесат и подобра финансиска состојба. Фокусирајте се на уметност, декорација и осмислување нови чекори кон постигнување на целта. Креативноста ќе може и да ви ги ублажи стресните ситуации во наредните денови.
2. Купување
Кога Месечината е во опаѓање, многу е полесно да добиете важни информации и да донесете добри одлуки особено кога станува збор за купување. Сепак, внимателно организирајте ги неопходните стратегии и не заборавајте дека кога имате добар план сè ќе се одвива без проблеми.
3. Грижа за себе и за сопственото здравје
Обидете се да се ослободите од моменталните стресови до крајот на ноември. Фокусирајте се на поздрава исхрана и умерена физичка активност. Слушајте ги сигналите што ги испраќа вашето тело и фокусирајте се на состојбата на вашиот ум. Поминувајте повеќе време во природа, а прошетката низ блискиот парк или шума нека ви биде еден вид медитација.
4. Завршете го она што сте го започнале
Не одложувајте ништо сега и обидете се да ги завршите сложените задачи и проектите кои долго време ги остававте настрана. Колку повеќе се приближува периодот на младата Месечина толку ќе ви биде потешко да се фокусирате на задачите. Затоа искористете го времето од 9 до 18 ноември за да се ослободите од сè што е старо и да направите простор во вашиот живот за новите работи.
Откако прочитавте како ќе ни влијае Месечината во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта во ноември.
Извор: sensa.mondo.rs