Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите?

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите?

Астролозите предвидуваат дека ноември ќе биде месец на просперитет и напредок, но некои хороскопски знаци ќе мора да работат повеќе и да се активираат повеќе од другите. Најважните планети кои ќе влијаат на финансискиот сектор се Марс, Венера и Меркур. Марс ќе биде ретрограден цел месец и ќе има негативно влијание врз повеќето знаци на почетокот на ноември. Во втората половина од месецот, пак, ќе биде силно изразено влијанието на Меркур кога оваа планета ќе транзитира низ Стрелец, додека Венера ќе биде силна до 16 ноември додека е во знакот Скорпија. Така, најуспешни хороскопски знаци во финансискиот сектор ќе бидат оние каде е силно влијанието на Меркур, а слабо влијанието на Марс.

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во ноември во поглед на финансиите?

Бик

Марс ќе ѝ влијае негативно на вашата мотивација да бидете активни во поглед на финансискиот сектор. Оваа планета ќе ве поттикне да бидете штедливи, но Венера лесно ќе ја надомести негативноста на Марс во првата половина од месецот. Така, до 16-ти ноември ќе мора да работите претпазливо и со максимална одговорност. Ова ќе ви помогне да го одржите и зголемите вашиот приход. По 16-ти ноември важно е да ги покажете своите вештини и најдобри квалитети. Втората половина од месецот ќе биде особено поволна за вас бидејќи Меркур веднаш ќе ја замени ослабената Венера. Тоа значи дека овој период ќе биде идеален за управување и започнување бизнис. Повеќето деловни зделки ќе бидат успешно спроведени, а тоа ќе ви помогне да постигнете големи успеси во блиска иднина.

Јарец

На почетокот на месецот најверојатно ќе наидете на тешкотии со оглед на тоа дека вашата планета заштитник, Марс, ќе се движи ретроградно во овој период. Сепак, Венера ќе ви помогне да се спасите од потенцијалните загуби, а во втората половина од месецот ќе настапи Меркур што ќе ви влијае прилично позитивно. Со други зборови, во ноември можете да очекувате позитивни промени и напредок, но генерално, периодот ќе биде доста поволен и за стекнување богатство. Ќе успеете да најдете излез од тешките ситуации и да го постигнете она за што сонувате во животот, особено ако сте морале да работите напорно претходниот месец.

Откако прочитавте кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во поглед на финансискиот сектор во ноември, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во ноември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар