Кои надворешни фактори можат да придонесат за предвремено стареење на кожата?
Постојат многубројни причини за стареење на кожата каде одлучувачки фактори се пред сè генетиката и хормоните. Сепак, постојат и надворешни фактори кои можат да предизвикаат предвремено стареење на кожата без ние да бидеме свесни за тоа. Прочитајте во продолжение за кои фактори станува збор.
Прекумерното изложување на сонце
Прекумерното изложување на сонце со несоодветна или недоволна заштита од сончевите зраци може да го зголеми ризикот за предвремено стареење на кожата за дури 80%. УВА зраците предизвикуваат ослободување на слободните радикали во телото – процес кој е познат како оксидативен стрес. Слободните радикали, пак, ги оштетуваат клетките на кожата и го забрзуваат фотостареењето. Тоа може да резултира со трајно оштетување на кожата и да придонесе за појавата на видливите знаци на стареење како брчки и губење на еластичноста.
Нездрава исхрана
Урамнотежената исхрана богата со свежо овошје и зеленчук е добар извор на антиоксиданси кои имаат моќ да ги неутрализираат слободните радикали. Освен тоа, доколку консумирате повеќе боровинки, спанаќ и авокадо, можете значително да го намалите оксидативниот стрес и да го спречите предвременото стареење. Здравата исхрана може и да го забави целокупниот процес на стареење на кожата.
Загадување
Хемикалиите и никотинот во цигарите можат да го активираат оксидативниот стрес, а штетно влијание има и загадувањето. Така, откажувањето од пушењето е еден од клучните елементи во борбата против предвременото стареење на кожата. Освен тоа, загадувањето на воздухот придонесува за формирање слободни радикали кои ги влошуваат ефектите од изложувањето на сонце и на тој начин го забрзуваат оксидативниот стрес. Сепак, имајте на ум дека секојдневната нега со производи кои содржат зашттитен фактор ќе помогне да се забави овој процес.
Откако прочитавте за надворешните фактори за предвременото стареење на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да го вклучите женшенот во негата на вашата кожа.
Извор: ljepotaizdravlje.hr