Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни оваа недела?
Астролозите предвидоа дека 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни оваа недела. Проверете во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор!
Лав
Во текот на претходната недела почувствувавте дека нешто ве кочи при исполнувањето на вашите цели. Сепак, полната Месечина во недела ви даде нова енергија која ќе ја чувствувате во текот на целата седмица. Тоа значи дека ќе имате можност да им се посветите на предизвиците од една поинаква перспектива.
Девица
Транзитот на Меркур во Вага ќе ви донесе нови идеи и нова инспирација. Така, оваа недела ќе бидете полни со креативност, а тоа ќе ги импресионира луѓето околу вас. Искористете ја оваа нова енергија и за да се справите со предизвиците кои ве мачат долго време. Можеби токму оваа недела конечно ќе дојдете до нивното решение.
Вага
Освен Сонцето, оваа недела во вашиот знак ќе транзитираат и Меркур и Венера. Несомнено, планетите ќе ви бидат наклонети и ќе ве поттикнат да се опуштите и да уживате во малите моменти на среќа и радост.
Водолија
Оваа недела ќе биде одлична можност да донесете одлука за вашата иднина. Затоа, најдобро би било да разговарате со партнерот во однос на вашиот следен чекор или самите да размислувате за она што сакате да го остварите во блиска иднина.
Риби
Во текот на оваа недела многумина од вас ќе размислуваат за минатото и ќе сфатат кои се главните пречки во нивните љубовни врски. Можеби е време да ги решите старите проблеми со партнерот или да го контактирате поранешниот партнер и да ги разјасните сите недоразбирања.
Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во поглед на финансиите во октомври.
Извор: sensa.mondo.rs