Зошто е добро да се фалите себеси
Заборавете на скромноста и срамежливоста – ова се резултатите кои се добиени на најновото истражување кое докажало дека за да успеете во животот треба да се однесувате без срам и да се промовирате. Доколку сакате да станете познати и успешни на вашето работно место, ќе морате веднаш да поработите на себепромовирањето, бидејќи со привлекувањето внимание кон вашата работа, ви се зголемуваат шансите за успех. Истражувањето било спроведено од страна на „Mentoring Foundation“ и покажало дека мажите се далеку поуспешни во фалењето од жените.
.
„Жените можат да ви кажат три причини зошто се добри во она што го прават, додека мажите можат веднаш да набројат 10, иако можеби се еднакво квалитетни колку и жените.“ – вели истражувачот Томсон.
„Дел од жените напредуваат во својата кариера кога од време на време ќе се потсетат колку се добри во она што го прават. Тие многу често се склони кон себекритикување, а треба да знаат дека себепромовирањето не значи само фалење, туку истакнување на своите можности со гордост и самоувереност.“ – додава тој.
Освен тоа, жените треба да се потрудат да наметнат авторитет, наместо да чекаат некој друг да го стори тоа. Истражувањето покажало дека себепромоцијата е еден од најуспешните методи за успех и тоа не само на работното место, туку и во полето на љубовта и пријателството.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Obicno lugeto koi se takvi se odbivni i odvratni,
ne gledam zosto site bi stanuvale kako niv.
Одамна заврши времето на скромност и срамежливост. Супер е ова.
Оваа тврдење е сигурно тоцно,затоа сто во фирмата во која работам ,само таквите добија поголеми плати.