Луѓето и кучињата можат да создадат длабока врска. Некои луѓе дури веруваат дека нивните домашни миленици можат да ги разберат нивните чувства и емоции. Според најновите истражувања, ова може да биде вистина.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Белфаст, Ирска, спровеле експеримент со четири кучиња и 36 луѓе и откриле дека кучињата можат да направат разлика меѓу карактеристичниот мирис на секој од испитаниците и мирисот во моментите на стрес и вознемиреност.rnrnТака, во текот на истражувањето, научниците собрале примероци од пот од испитаниците од кои едниот дел се однесувал на нормалната состојба на телото, а другиот на состојбата на телото за време на стрес кој бил предизвикан од решавањето тешка математичка задача. Притоа, било утврдено дека кучињата можеле да го откријат точниот примерок и тоа со стапка на точност од 93,5%.rnrnНа крајот од истражувањето научниците заклучиле дека кучињата можат да ја детектираат промената што настанува како резултат на психолошката реакција на телото на стрес.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто кучињата ги ставаат своите шепи на вас.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Истражување: Кучињата можат да откријат кога сме под стрес
