КАФЕ ПАУЗА

Совети за секој хороскопски знак до 10 октомври!

Совети за секој хороскопски знак до 10 октомври!

Астролозите ви откриваат што треба да направите оваа недела доколку сакате вашиот живот да се промени на подобро.rnrnСовети за секој хороскопски знак до 10 октомври! rn

Овен

rnФокусирајте го сето ваше внимание кон работата бидејќи сега кариерата треба да ви биде приоритет. Бидете активни, давајте нови идеи и искористете ја максимално креативноста што ја носите во себе. Можно е да добиете одобрување од надредените, но ќе треба да вложите поголем труд.rn

Бик

rnОдвојте време за самоанализа и запрашајте се кои се вашите таленти. Одговорот на ова прашање ќе ви отвори нови врати и можности. Доколку и самите не знаете која е вашата супермоќ, консултирајте се со семејството и оние кои најдобро ве познаваат.rn

Близнаци

rnОваа недела обидете се да ги завршите обврските кои долго време ги одложувавте. Не плашете се бидејќи ќе ги надминете сите пречки и предизвици. Доволно е да бидете упорни!rn

Рак

rnПрепуштете ѝ се на топлата атмосфера на вашиот дом, изолирајте се од другите и обидете се да се одморите. Само така ќе соберете доволно сила за идните достигнувања.rn

Лав

rnОбратете внимание на тоа што го носите и на модните детали кои ги користите – нека вашиот изглед биде во хармонија со вашата природа. Ова не само што ќе ви даде поголема самодоверба и ќе привлече погледи полни со восхит од спротивниот пол туку и ќе ви помогне да бидете поефикасни на работа.rn

Девица

rnВреме е да го обоите вашето секојдневие со нови или заборавени стари хобија и интереси. Не барајте изговори и доволно е само да започнете бидејќи сега е вистинското време за тоа. Тоа не само што ќе ви го освежи животот туку и ќе ви даде повеќе сила за посакуваните промени.rn

Вага

rnВреме е да почнете да се фокусирате на себе, наместо да ги исполнувате потребите и барањата на другите. Запрашајте се што е тоа што ве прави среќни и исполнети. Научете да се сакате себеси, да бидете различни од другите и, притоа, гордо да го прифатите овој аспект на вашата природа.rn

Скорпија

rnОваа недела одвојте време за медитација и вежби за дишење. Тие не само што ќе ви го намалат стресот и ќе имаат корисен ефект врз вашето здравје туку и ќе ви помогнат да ги избегнете неочекуваните трошоци. Подобро е да се ослободите од стресот преку техники за релаксација, наместо да му се препуштите на импулсот за купување.rn

Стрелец

rnФокусирајте се на вашите планови и амбиции. Во овој период многу од вашите желби ќе станат тешки за остварување, но тоа нека не ве обесхрабрува. Поставете си нови микро-цели за кратки временски периоди, дури и ако се работи за нешто мало, доволно е да ве инспирира.rn

Јарец

rnОваа недела астролозите ве советуваат да ѝ се посветите на работата. Не плашете се од можните препреки на кои ќе наидете – доволно е внимателно да размислите и да направите јасен план за акција.rn

Водолија

rnСфатете дека во вас самите се наоѓа изворот на вашата сила, дека вие самите сте заслужни за вашите достигнувања и успеси. Затоа, одвојте време да се одморите и да се грижите за себе така што ќе уживате во малите нешта што ве прават среќни и задоволни. Тоа ќе ви даде поттик и мотивација да продолжите понатаму.rn

Риби

rnОбидете се да поминувате повеќе време со семејството. Не заборавајте дека блиските односи со вашите сакани ќе ви донесат среќа и поддршка за сето она што го правите во животот. Доколку, пак, некој ви недостига, сетете се на убавите спомени.rnrnОткако ги прочитавте советите за секој хороскопски знак за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во поглед на финансиите во октомври.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs