Кои се лековитите својства на маслото од кантарион?

Сподели

Маслото од кантарион се добива од истоименото растение кое е повеќегодишна билка. Кантарионот цвета од мај до септември, но најмногу во текот на јули, а неговите цветови се со жолта боја. Станува збор за едно од најраспространетите лековити растенија.

Реклама

Имено, популарноста на кантарионот меѓу народот се должи на неговите антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Маслото од кантарион е богато со хиперицин, танини и флавоноиди кои имаат антивоспалително дејство. Освен тоа, уште од античко време кантарионот се користи како лек за зараснување на раните.rn

Маслото од кантарион помага при:

rn

    rn 011

  • рани
  • rn 011

  • изгореници од прв степен
  • rn 011

  • воспаление на јајниците
  • rn 011

  • вагинални инфекции (габични и вирусни инфекции, вклучувајќи ХПВ и херпес)
  • rn 011

  • хемороиди
  • rn 011

  • проширени вени
  • rn 011

  • стрии, лузни и акни
  • rn 011

  • чирови
  • rn 011

  • воспаление на мускулите
  • rn

rnМаслото од кантарион е ефикасен лек и во случај на ревматизам и ишијас. Важно е да се напомене дека ова масло е одличен лек за разни женски проблеми како што се цисти, воспаление на јајниците и габи. Доволно е да користите тампон кој е натопен во масло од кантарион и да ја повторите постапката доколку сè уште чувствувате болка. Освен тоа, можете да најдете и вагиналети со масло од кантарион.

Покрај тоа, во случај на хируршки третман на рак на дојка како и за заздравување на раните по завршувањето на операцијата, лекарите препорачуваат употреба на масло од кантарион.rn

Рецепт за масло од кантарион:

rnМаслото од кантарион е едно од ретките масла кое се подготвува со свежо цвеќе. Односот е 100 грама цвеќе на литар масло. Најчесто се користи ладно цедено квалитетно маслиново масло.rn

Начин на подготовка:

rn1. Ставете ги цветовите во проѕирно стаклено шише или тегла и прелијте ги со масло.

2. Покријте го шишето со газа и прицврстете го со гумена лента. Оставете го да отстои 40 дена на сонце и повремено проверувајте дали сите цветови се во маслото.

3. Убаво процедете го маслото со цветовите со помош на газа и чувајте го во цврсто затворени темни шишиња. Не чувајте го во фрижидер.

Не заборавајте дека маслото од кантарион е фототоксично што значи дека по нанесувањето кожата не смее да биде изложена на сонце бидејќи може да изгори. Освен тоа, секогаш барајте совет и дозвола од лекар пред да го нанесете маслото на хируршки рани.

Откако прочитавте за лековитите својства на маслото од кантарион, можеби ќе сакате да прочитате и за одличните чаеви против настинка како бозел, жалфија, нане и шипка.

Извор: atma.hr

Популарно

Може ќе ве интересира