КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае полната Месечина во октомври?

Како ќе ни влијае полната Месечина во октомври?

Астролозите откриваат дека октомвриската полна Месечина во знакот Овен се одликува со исцелителна моќ. Благодарение на нејзината енергија ќе сфатиме дека промената е неопходна. Ќе го напуштиме патот по кој одевме досега, а тука ќе биде и астероидот Хирон, познат како „мелем за раните на душата“.rnrnКако ќе ни влијае полната Месечина во октомври?rnrnХирон ни посочува како да учиме од нашите емоционални рани и како да ги искористиме за нашата трансформација. Нè поттикнува да ги користиме тие рани како „енергетско ниво“ за сопственото будење. Можеби сме осамени и тажни, но Хирон е тука да ни укаже на убавината на животот и покрај сите наши проблеми. Тоа ни овозможува да ги третираме нашите рани како тајни места каде се кријат сочувството, интуицијата и разбирањето кои можеме да ги искористиме и да им помогнеме на другите.rnrnЗа време на полната Месечина на 9 октомври, Хирон ќе го започне своето ретроградно движење при што ќе биде истакната неговата огнена енергија – ќе размислуваме за многу работи од минатото. Ќе се чувствуваме како да сме дошле до крајот на патот по кој чекориме сега, но доколку продолжиме да одиме понатаму, тоа ќе значи дека или сме простиле или сме се откажале. Тоа, пак, само по себе ќе претставува некаков вид исцелување или решение.rnrnАктивностите како танцувањето или вежбањето ќе ни помогнат да ги залечиме старите рани. Меѓу другото, ќе имаме можност да направиме голема промена во нашиот живот, особено доколку станува збор за односите со другите. Освен тоа, Венера, планетата на љубовта, ќе биде особено активна за време на оваа полна Месечина.rnrnДоколку постојано носиме маска, не можеме да го изразиме нашето вистинско „јас“ или не можеме да поставиме граници – сето тоа ќе излезе на виделина. Така, ќе почнеме да се прашуваме дали вреди да ја одржуваме врската во која не можеме да останеме доследни на нашата вистинска природа.rnrnЗа крај, да не заборавиме дека оваа Месечина во Овен ќе има лековита и смирувачка енергија која ќе нè потсети дека животот е убав и покрај сета негова превртливост и непостојаност.rnrnОткако прочитавте за влијанието на полната Месечина во октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs