Тест: Изберете паричник и откријте што е тоа што ве спречува да се збогатите!
Внимателно погледнете ја сликата и одберете го паричникот што најмногу ви се допаѓа. Тој ќе ви открие што е тоа што ве спречува да се збогатите!
Паричник бр. 1
Сакате пари, сакате да се забавувате и уживате, но немате јасна претстава за што точно ви се потребни тие пари. Дали сакате да купите нова куќа, да отплатите долг или да одите на патување на некој егзотичен остров? Запишете ги сите работи поради кои ви се потребни пари. Освен тоа, бидете пријател со парите – научете да не ги трошите непотребно. Во тој случај, во вашиот дом ќе владее материјалната стабилност.
Паричник бр. 2
Вие сте од оние кои знаат што е тоа буџет и како правилно да располагаат со него. Доколку го сфативте тоа, ќе знаете и како да ги цените парите. Но, нема да станете побогати доколку не научите како да бидете среќни благодарение на фактот дека ги поседувате. Меѓу другото, понекогаш и вреди да ги потрошите на забава.
Паричник бр. 3
Тешко ви оди со парите бидејќи тие се изворот кој ви предизвикува стрес и грижа. Но, доколку не се ослободите од негативните мисли, нема да ги постигнете очекуваните резултати. Обидете се да им пристапите на нештата со позитивен став и вербата дека ситуацијата кога-тогаш ќе се подобри. Згора на тоа, добро би било да ја подобрите вашата финансиска писменост и да го преиспитате вашиот однос кон сè што е поврзано со парите.
Паричник бр. 4
Колку повеќе размислувате за пари толку помалку пари ќе имате во вашиот паричник. Доколку постојано размислувате како да заработите повеќе, тешко дека ќе успеете. Ова се должи на фактот дека сте премногу фокусирани на вашиот проблем и дека треба да обратите повеќе внимание на другите работи. На пример, посветете време и на вашето хоби. Не заборавајте дека приходите ќе ви се зголемат доколку дејствувате и не размислувате за резултатот.
Доколку ви се допадна овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете каде лежи вашето богатство.
Извор: atma.hr