Парче лимон за подобар сон
Лимонот се смета за суперхрана и со векови се користи како домашен лек. Но, дали знаевте дека не мора секогаш да консумирате лимон за да ги почувствувате неговите корисни својства?
Имено, покрај изобилството од витамини и освежителниот вкус, лимонот се карактеризира и со смирувачко дејство кое може да биде одличен сојузник во борбата против несоница.
На сите нам ни е добро познато смирувачкото дејство на лавандата. Дури и Парацелзиус, познатиот средновековен лекар и научник, ја опишал лавандата како „ментален мелем“ и ја користел како универзален лек за менталната исцрпеност. Затоа, не е чудно што етеричното масло од лаванда се препорачува за подобар сон.
Сепак, можете да користите лимон доколку сте алергични на лаванда. Научно е докажано дека мирисот на лимонот е смирувачки и како таков може да ви помогне полесно да заспиете.
Според експертите, есенцијалното масло од лимон се користи со векови и се карактеризира со смирувачки ефекти врз респираторниот систем. Покрај тоа, може да ја зголеми концентрацијата и да го намали нивото на стрес.
Затоа, сè што треба да направите доколку имате проблем со спиење е да исечете лимон и да го оставите на вашата ноќна масичка. Неговиот нежен мирис ќе ве смири и ќе ви помогне да заспиете.
Откако прочитавте за смирувачките дејства на лимонот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 9-те примени на лимонот во третманите за здравје и убавина.
Извор: citymagazine.danas.rs