Неделен хороскоп од 26 септември до 2 октомври: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?
Што ни предвидоа астролозите за оваа недела?
Овен
Љубов: Вашиот приватен живот целосно ќе биде фокусиран на гостите кои ќе доаѓаат да ве посетат овие денови. Најверојатно вашиот партнер ќе ви замери за оваа ситуација.
Кариера: Како што одминува неделата, сè повеќе ќе сакате да одите на одмор. Оние кои сè уште не можат да го сторат тоа ќе мора да се ангажираат околу одредени работи за кои сметаа дека одамна се завршени. Доволно е да бидат трпеливи докрај и да не се нервираат непотребно.
Бик
Љубов: Сè повеќе ќе ви станува јасно дека љубите и дека вашите чувства се подеднакво возвратени. Сепак, единственото нешто за кое ќе се прашувате е колку долго тоа ќе трае. Имајте на ум дека ова прашање е излишно и дека само може да ви ја наруши сегашната хармонија. Обидете се целосно да им се препуштите на чувствата доколку сакате да уживате во моментите на среќа и радост.
Кариера: На работа ќе морате да се справите со важни задачи, а тоа само ќе ја поттикне вашата желба и волја за продуктивност. Секако, резултатите нема да изостанат.
Близнаци
Љубов: Некои од вас ќе заминат на кратко патување со саканата личност што може да ви донесе незаборавни спомени. Други, пак, ќе чекаат роднините да ги поврзат со личност за која би можеле да бидат вистински заинтересирани.
Кариера: Како што одминува неделата на вашите колеги ќе им станува сè појасно дека ги поседувате потребните вештини. Така, многумина од нив ќе ве посочат вам како идеален кандидат за реализацијата на одреден проект. Сепак, за да го добиете овој ангажман ќе мора да поминете низ неколку тестови.
Рак
Љубов: Се наоѓате во фаза на богат друштвен живот, но вашите нови приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак, тоа не значи дека нема да се развие нешто подлабоко подоцна.
Кариера: Сакате да покажете сè што знаете и умеете, но имате некакво претчувство дека сè уште не е време за тоа. Во право сте. Бидете трпеливи и почекајте уште малку доколку сакате успешно да ги реализирате сопствените цели.
Лав
Љубов: Во првата половина од неделата ќе треба да издржите одредена фрустрација, а од средината на неделата ќе започне поповолен период кога полесно ќе се справите со сите предизвици. Затоа, воздржете се од можните расправии и конфликти со партнерот.
Кариера: Добро ќе ви оди на работа. Освен тоа, ќе ги зајакнете вашите контакти и ќе се ангажирате повеќе со вашите колеги. Ве очекуваат и нови познанства на работа.
Девица
Љубов: Бидете дискретни доколку му се додворувате некому, а доколку сте во врска обидете се да ги прифатите критиките на партнерот. Вториот дел од неделата, пак, ќе ви донесе подобри љубовни можности доколку бидете доволно трпеливи.
Кариера: Ефикасноста која ќе ја покажете на работното место ќе биде фасцинантна. Тоа е последица на фактот дека точно знаете што сакате, па затоа не губите време во непотребно размислување. Сепак, вклучете се одвреме-навреме и во тимска работа.
Продолжува на следната страница…