КАФЕ ПАУЗА

60 работи за кои треба да бидете благодарни секој ден

60 работи за кои треба да бидете благодарни секој ден

Written by

in

,

Животот понекогаш може да биде тежок и предизвикувачки, па така ќе наидете на моменти кога ќе бидете тажни и песимисти. Сето тоа е во ред затоа што сме луѓе и затоа што во ред е понекогаш да им отстапиме простор и на негативните емоции. Сепак, не заборавајте дека постојат работи за кои треба да бидете благодарни во животот. Еве за кои работи станува збор.rnrn60 работи за кои треба да бидете благодарни секој денrn

1. Изгрејсонцето

rnНикогаш не заборавајте дека новиот ден носи нови можности!rn

2. Семејството

rnМожеби не секогаш ја чувствувате љубовта бидејќи семејствата знаат понекогаш да бидат комплицирани, сепак таа е тука и во добрите и во лошите денови.rn

3. Родителите

rnТие ви подариле живот, но и можност да ја продолжите семејната традиција.rn

4. Сладоледот

rnУбаво е да се биде благодарен за малите нешта во животот, особено за оние нешта кои го прават животот посладок!rn

5. Зеленилото

rnДрвјата, цвеќињата и тревата околу вас имаат способност да го „обојат“ вашето секојдневие во нешто магично!rn

6. Насмевката

rnБез разлика дали се работи за странец кој сте го сретнале на улица или колега на работа, туѓата насмевка е секогаш бесценета!rn

7. Океанот

rnМу симнуваме капа на огромното, мистериозно водно пространство!rn

8. Ѕвездите

rnПогледнете во небото и никогаш нема да бидете осамени затоа што тие ќе ви го осветлат патот.rn

9. Технологијата

rnТехнологијата има неверојатна моќ да ги трансформира нашите животи и да го направи светот поудобно место за живеење.rn

10. Тркалото

rnБез разлика дали се работи за вашиот автомобил, велосипед, воз или автобус… морате да признаете дека тркалата се вашиот пристап до светот.rn

11. Домот

rnНашето засолниште од бурите и премрежињата на современиот свет.rn

12. Сетилото за вид

rnПреку сетилото за вид животот станува побогат, шарен и поразновиден.rn

13. Слухот

rnВи овозможува полесно да комуницирате, да примате информации и на тој начин да го доживувате светот околу вас преку звукот.rn

14. Сетилата за мирис и вкус

rnОние кои ги изгубиле сетилата за мирис и вкус како резултат на Ковид-19 можат да претпостават каков би бил животот без нив!rn

15. Способноста за движење

rnВи овозможува полесно да ги остварите вашите соништа.rn

16. Умот

rnСпособноста за размислување и расудување е она по кое се разликуваме од животните.rn

17. Способноста за создавање

rnТоа е талент кој го поседува секој од нас.rn

18. Достигнувањата

rnЗа кои работевте напорно да ги постигнете и кои се скапоцени искуства од вашиот живот.rn

19. Zoom

rnКако би ја преживеале оваа пандемија без Zoom?rn

20. Мобилниот телефон

rnСекаде и постојано со нас – мобилниот телефон ни нуди пристап кон светот.rn

21. Храната

rnНешто без кое не би можеле да преживееме.rn

22. Креветот

rnТопло и безбедно место за починка на умот и телото.rn

23. Приказните

rnБез разлика дали се во облик на книги, филмови или ТВ емисии тие се моќна алатка во процесот на нашето созревање бидејќи ни даваат важни лекции.rn

24. Заедницата

rnНешто што ни дава чувство на припадност.rn

25. Можностите за промена

rnСекогаш кога не сте задоволни од нешто во животот имате можност да го промените тоа и да започнете одново, со нови сили.rn

26. Животните

rnПтиците, зајаците, желките, верверичките… нашата планета се одликува со огромен биодиверзитет!rn

27. Можностите

rnНикогаш не заборавајте дека сè што е реално е можно!rn

28. Огнот

rnКако би ги преживеале студените зимски ноќи без оган?rn

29. Музиката

rnЖивотот би бил толку монотон без музика!rn

30. Уметноста

rnНи служи како средство преку кое ги споделуваме нашите вредности и верувања!rn

31. Образованието

rnСе работи за моќна алатка која може да ни помогне да оформиме ставови и мислења за светот околу нас.rn

32. Искуствата

rnВие сте такви какви што сте денес благодарение на вашите искуства.rn

33. Лузните

rnПотсетници за болката и тешкотиите кои сте ги преживеале.rn

34. Одговорностите

rnНеизбежен дел од животот, но понекогаш доволни да му дадат смисла.rn

35. Способноста за читање

rnЗборовите се моќна алатка за комуницирање и раскажување приказни.rn

36. Модерните апарати

rnОна за кое во минатото било потребно многу време и напор, денес е возможно со само еден допир на копчињата.rn

37. Медицината

rnРазвојот на медицината придонесе во голема мера за подобрување на животниот стандард.rn

38. Здравјето

rnГрижата за здравјето ви овозможува подобар квалитет на животот.rn

39. Страста

rnДоволно е да му се посветите на она што го сакате во животот со сета ваша страст за да бидете среќни и исполнети.rn

40. Поттикот и мотивацијата

rnПреку нив добивате енергија која ви овозможува да успеете во животот.rn

41. Планините

rnТие се од суштинско значење за нашиот екосистем.rn

42. Годишните времиња

rnСо секоја промена на годишните времиња имате можност одново и одново да се поврзувате со природата.rn

43. Сонцето

rnПоради светлината и топлината.rn

44. Црцорењето на птиците

rnНивната песна е потсетник за моќта и убавината на природата.rn

45. Чоколадото

rnКаков би бил животот без вкусот на чоколадото?rn

46. Топло кафе

rnВи дава енергија за полесно да се справите со обврските во текот на денот.rn

47. Танцот

rnУметност која ви помага да го подобрите расположението.rn

48. Кампувањето

rnВи дава можност да се поврзете со природата…rn

49. Слободата

rnДа бидете онакви какви што сте.rn

50. Сончогледот

rnБидејќи тој е симбол на животот.rn

51. Учителите

rnВашите ментори и водичи во животот.rn

52. Патувањето со авион

rnЗа можноста да патувате каде било во светот…rn

53. Авантурата

rnЗа непознатото, возбудата, адреналинот, искуствата, чудата…rn

54. Предизвиците

rnБидејќи ве прават посилни.rn

55. Способноста за учење

rnБидејќи ве прави подобри и помудри.rn

56. Врската со вашето минато

rnВашите предци и луѓето кои оставиле трага во вашиот живот.rn

57. Тушот

rnЗа неговите прочистувачки и освежувачки моќи!rn

58. Пријателствата

rnЗа пријателите кои се тука да ви помогнат и да ве утешат.rn

59. Неуспесите

rnЗатоа што тие се првиот чекор кон вашите успеси.rn

60. Зајдисонцето

rnЗа да ве потсети дека животот е убав и покрај сè.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со нештата за кои треба да бидете благодарни секој ден, можеби ќе сакате да прочитате и како да го ослободите умот од негативни мисли и грижи.rnrnИзвор: themindsjournal.com