Се соочувате со ниска самодоверба? Еве кои книги можат да ви помогнат да бидете посамоуверени!rnrn
rn
100 Начини за зголемување на вашата самодоверба – Бартон Голдсмит
rnЗа многумина, ова е една од најдобрите книги за самодоверба кои некогаш биле напишани. Прилично лесна за читање, таа е преполна со практични совети како да почнете да верувате во себе и како да станете личност чие мислење ќе се цени и почитува.rnrn
rn
7 Навики на успешните луѓе – Стивен Р. Кови
rnОваа неверојатно добра книга се смета за една од највлијателните книги. Се работи за моќен водич за самопомош бидејќи е добро напишан и е толку лесен за читање. Освен тоа, оваа книга може да им биде помош на сите за различни аспекти од животот, а не само професионалниот.rnrn
rn
Разбудете го џинот во себе – Ентони Робинс
rnСе работи за една од најпродаваните книги за самопомош и мотивација. Книгата изобилува со техники и стратегии за самоподобрување кои ќе ви помогнат да станете личност каква што секогаш сте посакувале да бидете. Книгата содржи и совети за справување со емоциите кои ќе ви помогнат да ја преземете контролата врз вашиот живот.rnrn
rn
Што ве спречува да бидете успешни? – Сем Хорн
rnОваа книга е задолжително четиво за секој оној кој посакува да биде влијателен, без разлика дали се работи за професионалниот или приватниот живот. Благодарение на оваа книга ќе научите како да оставите добар впечаток, како да не се споредувате со другите и како никогаш повеќе да не се грижите за тоа што го велите.rnrn
rnrnОткако го прочитавте нашиот список со книги за самодоверба, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 книги ќе го променат вашиот поглед кон светот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com