6-те фази на закрепнување од токсичната љубовна врска
Закрепнувањето од токсичната врска не е толку лесно како што повеќето луѓе сметаат дека е. Можеби сте го напуштиле партнерот кој ве повредувал и конечно сте избегале од „пеколот“ во кој сте биле, но не можете да им се спротивставите на траумата и болката кои веќе оставиле големи последици врз вас за кои вие и самите не сте свесни. За дел од психолозите, постојат 6 фази на закрепнување од психичко малтретирање или токсични врски. Проверете за кои фази станува збор во продолжение.
1. Сомнеж во себе
Оваа фаза се карактеризира со прашањето: „Дали сум луд/а?“. Станува збор за фаза во која сфаќате дека нешто нема смисла, но не знаете што или зошто. Понекогаш, оваа фаза настапува за време на врската или може да се случи по раскинувањето откако ќе почнете да сфаќате дека нешто не е во ред. Се прашувате дали заминувањето било вистинскиот избор и дали вие самите сте виновни за раскинувањето.
2. Учење и истражување
Ова е фаза кога ги истражувате сите работи. Знаете дека нешто не е во ред со однесувањето на личноста, но преку истражување ги откривате научните термини кои би можеле да го опишат нејзиното однесување. Така, почнувате да се среќавате со зборови како „нарцисоидна злоупотреба“, „психолошка злоупотреба“ и „нарушување на личноста“.
3. Јасност
Ова е моментот кога се намалува интензитетот на истражувањето, а жртвата и покрај сета болка, тага и незадоволство, почнува да ги разбира своите искуства. Овој миг може да биде смирувачки и ослободувачки бидејќи жртвата е свесна за потребата да ја разјасни збунувачката ситуација. Клучниот елемент на оваа фаза е спознанието на жртвата дека имало нешто надвор од нејзина контрола, но дека таа самата била немоќна да го промени тоа.
4. Ослободување
Ова е фазата кога жртвата почнува да презема чекори за физички и емоционално да се дистанцира од поранешниот партнер. За некои оваа фаза настапува на почетокот, понекогаш дури и пред да сфатат со каков тип на личност си имаат работа. За други, пак, ослободувањето се настапува откако ќе сфатат дека треба да заминат за да останат здрави и безбедни.
5. Исцелување
Во текот на оваа фаза жртвата почнува да сфаќа дека единствениот начин да закрепне е да покаже љубов и грижа кон себе. Освен тоа, во оваа фаза жртвите бараат помош и од своите најблиски и пријателите. Тие почнуваат да сфаќаат дека е во ред да се биде несовршен во врската и дека сосема е нормално да се прават грешки, но тоа не значи дека тие самите се виновни за ова трауматично искуство.
6. Прифаќање
За многумина експерти, учењето од сопствените искуства и нивното прифаќање е суштински дел од процесот на лекување бидејќи им помага на жртвите да ги избегнат таквите луѓе во иднина. Така, со тек на време тие одново ја преземаат контролата врз сопствениот живот и продолжуваат да се движат напред.
Откако прочитавте за 6-те фази во процесот на закрепнување од токсичната врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 штетни лаги си ги кажуваат жените кога се заглавени во токсична врска.
Извор: themindsjournal.com