КАФЕ ПАУЗА

Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

Доколку сте љубители на чај имаме добри вести за вас бидејќи ново истражување ја покажало можната врска меѓу редовното консумирање на овој пијалак и намалениот ризик од предвремена смрт.rnrnНаучници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!rnrnГрупа британски научници откриле дека оние кои редовно пијат две или повеќе шолји чај, во споредба со оние кои воопшто не го консумираат, имаат помеѓу 9 и 13% помали шанси за прерана смрт. Згора на тоа, резултатите покажале дека на овие бројки не влијае фактот дали во чајот се додава млеко или шеќер, ниту пак на кој температура се пие.rnrnВо истражувањето учествувале половина милион луѓе од Обединетото Кралство на возраст од 40 до 69 години, од кои 85% изјавиле дека редовно пијат чај. Дури 89% од нив изјавиле дека консумираат црн чај. Истражувањата покажале дека црниот чај, еден од најпопуларните чаеви во Европа, може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.rnrnЧајот можеби и не е единствената причина за намалената смртност, но резултатите се повеќе од очигледни. Така, минатата година било откриено дека пиењето чај или кафе може да го намали ризикот од деменција и од мозочен удар, така што ова не е прво истражување кое ги докажало корисните својства на овој пијалак.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секојдневно треба да консумирате мача чај.rnrnИзвор: theguardian.com