8 хиндуистички учења за животот

8 хиндуистички учења за животот

Животот честопати ни се чини тежок и збунувачки, особено кога се справуваме со неизбежните предизвици. Така, многумина од нас сметаат дека во моментите на изгубеност и безнадежност, религијата и духовноста ќе ни ја покажат вистинската насока. Хиндуизмот, една од најстарите религии во светот, може да нè научи многу работи и да ни помогне подобро да ја сфатиме смислата на животот. Во продолжение прочитајте дел од животните лекции кои ни ги пружи хиндуизмот.

8 хиндуистички учења за животот

1. Почитувајте ги другите

Хиндусите веруваат дека во секој од нас се крие божествена енергија. Душата на еден поединец (џиватма) е дел од душата на универзумот (параматма). Почитувањето на другите човечки суштества е начин да се искаже почит кон семоќниот.

2. Секогаш зборувајте ја вистината

Преку принципот на вистината нашата душа се обединува со Врховното Битие. Нечесноста и измамите го отежнуваат патот кон божественото, па затоа не двоумете се да ја зборувате вистината, дури и кога боли.

3. Почитувајте ги сите живи суштества

Една од главните лекции на хиндуизмот е да се биде љубезен кон сите форми на живот. Ахимса или ненасилство е еден од основните принципи во хиндуизмот кој нè учи да бидеме добронамерни, толерантни и љубезни кон сите живи суштества бидејќи тие се божји творби.

4. Не приврзувајте се за материјалните работи

Хинду учењето апариграха кое се преведува како непоседување или неприврзаност, ни кажува дека не треба ништо да поседуваме. Треба да се стремиме кон едноставен живот и да ги поседуваме само оние нешта кои ни се доволни за задоволување на секојдневните потреби. Ова е едно од најосновните хинду учења за животот.

5. Не злоупотребувајте ги другите

Хинду учењето астеја нè учи дека не само што не треба да крадеме материјални добра туку и не треба да ги крадеме туѓите достигнувања, искуства, време и ментален мир. Со други зборови, не треба да ги злоупотребуваме и искористуваме другите.

6. Простувајте

Според хиндуистичките учења, секогаш треба да им простуваме на другите и на себеси бидејќи тоа ни овозможува да живееме без гнев, страдање и жалење. Освен тоа, простувањето нè ослободува од минатите трауми и ни ги лекува умот и душата.

7. Не плашете се од смртта

Во хиндуизмот смртта означува нов почетокот на циклусот наречен самсара. Примарната цел на душата е да постигне мокша или спасение и да не остане врзана за разноразните искушенија во животот. Треба да ја прифатиме смртта и да се фокусираме кон обединување со божественото. Според хиндуизмот, животот и повторното раѓање се форма на казна затоа што не учиме од нашите грешки, додека смртта нè ослободува од циклусот самсара и ни овозможува да се обединиме со Брахман, принцип кој ја претставува крајната фаза на реалноста.

8. Насмевнете се дури и кога чувствувате болка

Според богот Кришна, насмевката на вашето лице ќе ви помогне подобро да се справите со предизвиците во животот. Со помош на насмевката ќе можете да развиете позитивен став кон животот и на тој начин ќе ви биде полесно да ги надминете болката и тагата.

Откако ги прочитавте хиндуистичките учења за животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар