Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 8 до 14 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Ќе бидете вистинска загатка за другите, а во душата веќе сте подготвени за љубов. Многумина од вас ќе ја откријат и својата сензуалност. Од друга страна, очекувајте позитивни промени доколку веќе сте во врска.

Кариера: Ќе ги обновите старите деловни контакти, но и повторно ќе им се навратите на дел од незавршените проекти за кои сметате дека сте добри. Освен тоа, ќе знаете како да направите баланс помеѓу отворениот пристап и дискрецијата.

Бик

Љубов: Доколку сте во долга врска, ќе имате потреба за интимност со партнерот, па така овој период ќе имате можност да уживате двајцата на место каде никој нема да ви пречи. Доколку сè уште барате сродна душа би можеле да ја најдете на сосема обично место.

Кариера: Ви претстојат денови кога ќе бидете вешти во она што го работите, но ќе ви недостига вештина да се изразите докрај. Така, може да се случи да бидете погрешно разбрани, па затоа обидете се да бидете колку што е можно појасни.

Близнаци

Љубов: Ѕвездите ви се наклонети кога станува збор за љубовта. Така, доколку сте во врска потребно е само да бидете трпеливи. Доколку, пак, не сте, ве очекуваат нови дружби и познанства.

Кариера: Време е да ги завршите малите работни обврски кои ги запоставувавте досега. Од друга страна, запомнете дека ова не е идеален период да започнете со нешто ново и амбициозно. Завршете ги првин другите обврски.

Рак

Љубов: Ќе бидете желни за забави и настани, но не грижете се бидејќи ова ќе биде минлива фаза. Од друга страна, доколку сте во врска, работите ќе се одвиваат во добра насока.

Кариера: Ќе ви недостигаат вистински предизвици бидејќи моментално ќе морате да се справите со секојдневните обврски. Сепак, продолжете да давате сè од себе.

Лав

Љубов: Ви претстојат убави денови со оглед на тоа дека вашиот социјален живот ќе се подобри, а тоа ќе ви донесе и нови познанства. Не седете дома, излегувајте и забавувајте се.

Кариера: Не сте доволно свесни за вашите способности. Од вас се очекува повеќе и подобро бидејќи вие сте способни за тоа. Така, астролозите ви препорачуваат да го направите она што треба да го направите, а потоа да му се посветите на она што го сакате.

Девица

Љубов: Ќе бидете желни за љубов, но друга страна ќе се држи на дистанца од вас. Сепак, не разочарувајте се и обидете се да бидете упорни докрај.

Кариера: Пред вас се нови можности кои ќе бидат вашиот одговор на претходно поставените прашања. Сите тие ќе ве насочат во нова фаза од вашата кариерата каде ќе дојдат до израз вашите таленти и знаења.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар