Сите ние имаме лоши навики без разлика дали тоа го признаваме или не и големи се шансите дека сакаме да им ставиме крај, но не знаеме како. Во продолжение прочитајте ги нашите совети како да се откажете од нив и како да ја насочите енергијата кон нешто што би било продуктивно и корисно.rnrn
rn
Запишете ги вашите лоши навики
rnЗапишете ја навиката од која сакате да се откажете како и начинот на кој ќе го сторите тоа, но и главната причина поради која сакате да ѝ ставите крај. Ова значително ќе ви помогне во текот на целиот овој процес.rn
Од каде потекнува навиката?
rnМожеби ви изгледа очигледно, но обидете се да сфатите зошто и во кои околности се придржувате до вашата навика. На тој начин можете полесно да ги промените работите дури и ако на почетокот почнете со мали чекори.rn
Поддршка
rnПоддршката е еден од клучните елементи кога се обидувате да се откажете од зависност или од лоша навика. Така, разговарајте со вашето семејство или пријателите кои сигурно ќе ви ја пружат сета можна поддршка и ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.rn
Поставете си мали цели
rnПоставете си цел дека цела една недела ќе ја игнорирате вашата лоша навика. Првин, обидете се еден ден, два дена и така натаму сè додека не помине цела недела. Се смета дека се потребни околу 20 дена за да се прекине една навика, па од големо значење е да бидете упорни и истрајни.rnrnОткако прочитавте како да им ставите крај на лошите навики, можеби ќе сакате да прочитате и за 9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание.rnrnИзвор: allwomenstalk.com