Како да го подобрите здравјето на вашите очи?

Како да го подобрите здравјето на вашите очи?

На кој начин можете да го подобрите здравјето на вашите очи? Прочитајте ги во продолжение нашите совети.

Како да го подобрите здравјето на вашите очи?

1. Редовен преглед

Дури и ако немате специфичен проблем препорачливо е да правите редовен очен преглед. Доколку сте на возраст од 18 до 64 години, а немате никаков проблем, се препорачува да отидете на преглед барем еднаш на секои две години и еднаш годишно доколку имате проблем со видот. Оние, пак, кои се постари од 64 години треба да направат очен преглед барем еднаш годишно.

2. Здрава исхрана

Одредени хранливи материи и растителни состојки се клучни за одржувањето на видот:

Витамин А

Витаминот А ја поддржува функцијата на рожницата и конјуктивата. Слатки компири, тиква, моркови, црвени пиперки и манго се добри извори на витамин А.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се корисни за целокупното здравје на мрежницата и визуелната острина. Лососот, скушата, харингата, сардините како и јаткастите плодови се богати со овие масни киселини.

Витамин Ц

Со оглед на тоа дека очите користат многу енергија, потребна им е дополнителна антиоксидантна заштита. Витаминот Ц не само што е силен антиоксиданс туку помага и во регенерација на други антиоксиданси како витаминот Е. Цитрусното овошје, јагодите и пиперките се исклучително богати со овој витамин.

Витамин Е

Витаминот Е е антиоксиданс кој го штити окото од оксидативен стрес. Освен тоа, го подобрува протокот на крв во окото. Најдобрите извори на витамин Е се семките од сончоглед, бадемите, кикириките, тиквата и спанаќот.

Цинк

Цинкот помага во производството на меланин – пигмент кој ја дава бојата на ирисот и помага во заштитата на видот. Остригите и црвеното месо се најдобри извори на цинк.

3. Редовно вежбање

Вежбањето не само што ве одржува во топ форма туку може да го подобри и здравјето на вашите очи. Освен тоа, физичките вежби го подобруваат протокот на крв преку кој очите се снабдуваат со потребната количина на кислород и хранливи материи.

4. Правило 20-6-20

Правилото вели дека по секои 20 минути поминати пред екран треба да го фокусирате погледот на предмет оддалечен околу 6 метри од вас во времетраење од 20 секунди.

Откако ги прочитавте нашите совети за очното здравје, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те работи кои вашите очи ви ги кажуваат за здравјето.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар