Крцкави однадвор, а сочни одвнатре – похуваните ролнички се идеални за појадок или за вечера, а можете да ги наполните со што сакате. Наш предлог е и да комбинирате парчиња банана со чоколадо и намаз од лешник. Изборот е ваш, а ние сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни.
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 10 парчиња леб
- 40 грама путер
- 10 лажици мармалад
- 3 јајца
- 3 супени лажици млеко
- ½ лажичка цимет
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Исечете го лебот на кришки и отстранете ја кората. Со помош на сукало расукајте го секое од парчињата.
2. Премачкајте ги парчињата со путер и мармалад, па свиткајте ги во облик на ролна.
3. Потопете ги кифличките во смеса од јајца, млеко и цимет, а потоа пропржете ги. На здравје!rn
Предлози за филови
rn
Слатка варијанта
rnПутер од кикирики + пире од костениrnРикота + рендана кора од портокалrnПудинг од чоколадо + вишниrn
Солена варијанта
rnПилешко + печурки + спанаќrnГоведско месо + печуркиrnЛосос + рикота + маслинкиrnМелено месо + сос од домати
Откако го прочитавте нашиот рецепт за похувани ролнички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за ролнички со цимет и прелив од боровинки.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

