Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август?

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август?

Август ќе биде месец на важни астролошки настани. Еден од нив е и транзитот на Меркур во соѕвездието Девица на 4 август. Негативни транзити на Венера и Марс нè очекуваат на 11-ти и на 20-ти август, а на 24-ти август Уран ќе се движи ретроградно. Во продолжение прочитајте кои знаци ќе бидат најсреќни под влијание на планетите.

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август?

Близнаци

Астролозите предвидуваат дека негативната позиција на Венера и Марс нема да можат да влијаат врз вашата среќа и расположение. Позицијата, пак, на Меркур во вашата шеста куќа ќе ви донесе максимална креативна енергија. Така, ќе станете посамоуверени, покомуникативни и популарни кај спротивниот пол. Освен тоа, ве очекува голем успех и во поглед на кариерата. Не заборавајте дека за да постигнете успех морате да ги искористите сите можности кои ви се пружат. Ако успеете да ја победите вашата мрзеливост, ќе ги победите сите ваши непријатели – видливи и невидливи.

Девица

Во август ве очекуваат поволни промени, а како резултат на тоа и нови успеси! Транзитот на Марс и Венера може да ви донесе проблеми, но нема многу да ви влијаат бидејќи ве очекува среќа во сите аспекти. Единствениот проблем на кој ќе наидете е како да се справите со сета оваа среќа. Така, астролозите ви препорачуваат да го насочите вниманието на најважните работи и да ги поставите своите приоритети уште на почетокот на месецот. Од друга страна, Меркур ќе ја зајакне вашата интуиција, а ќе ви ја зголеми и мотивацијата за успеси и нови знаења. Доволно е мудро да ги искористите сите можности на кои ќе наидете!

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните знаци во август, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат проблеми во август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар