3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани!

3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани!

Дали некогаш сте размислувале дека родителите можат да бидат вистински шамани? И родителите и шаманите ги подучуваат луѓето да ја пронајдат својата животна цел. Еве на кој начин тие си личат еден со друг.

3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани!

1. Тие создаваат безбеден простор

Шаманот, пред да почне со процесот на исцелување најпрвин создава погодна средина каде што може да се одвива самиот процес. На тој начин, шаманот му помага на пациентот да се поврзе со своето внатрешно јас, нешто што е неопходно за лечење на неговата душа. Од друга страна, и родителите имаат тенденција да го прават истото со своите деца. Тие се обидуваат да создадат безбедно засолниште кое ќе им овозможи на децата да бидат ментално и физички здрави.

2. Тие се водачи, а не инструктори

Шаманите ги водат пациентите во процесот на духовното исцелување преку давање совети, а дали тие ќе ги следат советите или не зависи првенствено од нив. Целта на шаманот е духовно да ја лекува личноста, а не да ја контролира. Родителите кои сакаат да израснат здрави и среќни деца го прават истото.

3. Тие не судат

Исцелителите не ги судат своите пациенти. Напротив, тие имаат високо ниво на емпатија, сочувство и љубезност што им дава можност да ги смират пациентите. Меѓу другото, тие ја гледаат реалноста онаква каква што е. Нивната интуиција, разбирање и видовитоста им помагаат да разберат што е потребно за да му се помогне на другиот. Така, нивната примарна цел е да им помагаат на луѓето, а не да ги истакнуваат нивните мани и несовршености. Родителите го прават истото со своите деца. Тие не ги етикетираат или осудуваат поради нивните грешки туку им помагаат да ги осознаат своите грешки и да учат од нив. Родителите се оние кои ги водат децата во потрагата по сопствениот пат и им помагаат да се вратат на вистинскиот пат кога ќе се изгубат.

Откако прочитавте за поврзаноста меѓу родителите и шаманите, можеби ќе сакате да прочитате и како родителството ве прави одговорна личност.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар