Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

Дали вашето однесување со саканата личност ја уништува вашата врска? Дали постојано навредувате некој што го сакате? Еве кои се можните причини за ваквото однесување.

Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

1. Нереални очекувања

Очекувањата произлегуваат од секоја врска. Но, кога сакате некого најмногу, вашите очекувања можат да станат нереални и неразумни. Кога тие очекувања не можат да се исполнат, на крајот лесно можете да се налутите и да ја повредите личноста што ја сакате. Така, почнувате да ја споредувате вашата врска со другите и заборавате што е тоа што ја прави вашата врска вредна и единствена. Затоа, најважно од сè е да сфатиме дека никој од нас не е совршен и дека сите ние имаме недостатоци. Наместо да ги идеализираме нашите сакани, треба да ги прифатиме онакви какви што се.

2. Трауми од минатото

Причината зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме можеби лежи во минатото. Несаканите искуства, особено од детството, честопати резултираат со траума која несвесно влијае врз нашиот живот и нашите искуства како возрасни.

3. Недостиг на комуникација

Истражувањата покажале дека недостигот на комуникација може значително да ја влоши врската и да предизвика нанесување емоционална болка на личностите кои најмногу ни значат.

4. Ниска самодоверба

Ниската самодоверба нè тера да се чувствуваме неспособни, несоодветни и несакани. Се чувствуваме несигурни и се плашиме да не ги изгубиме нашите сакани или да ги изневериме. Како резултат на оваа несигурност, можат да се појават токсични однесувања преку кои лесно можеме да ја повредиме личноста што најмногу ни значи.

Откако прочитавте зошто ги повредуваме најмногу оние кои ги сакаме, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те фази на љубовната врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар