Дали можете да претпоставите што е она што не можат да го поднесат нарцисоидните личности? Прочитајте во продолжение!
rn
1. Луѓето кои се сомневаат во нивниот авторитет
rnНарцисоидните личности се „хранат“ со луѓе кои веруваат дека тие се способни, талентирани и вешти. Така, тие можат да се навредат доколку некој со повеќе знаење и искуство од нив започне разговор. Во тој случај ќе се обидат целосно да ја преземат контролата така што нема да ѝ дозволат на другата личност да зборува или ќе се обидат да ја променат темата на разговор.rn
2. Вие сте среќни, а тие не се
rnНарцисоидните личности сметаат дека тие треба да бидат центарот на вашиот универзум, па, како се осмелувате да бидете среќни, ако тие не се? Нарцисоидната личност ќе направи сè за да ја уништи вашата среќа.rn
3. Вие сте успешни, а тие не се
rnНарцисоидната личност смета дека таа треба да биде во центарот на вниманието и дека е заслужна за сите признанија. Така, таа е љубоморна секогаш кога другите добиваат пофалби и признанија, а тие не.rn
4. Наметнати граници
rnНарцистите мразат кога другите им кажуваат што смеат, а што не смеат да прават. Веруваат дека можат да го имаат она што го сакаат и тоа во моментот кога го посакуваат. Како некој може да се осмели да ги контролира и да им наметне нешто што тие не го сакаат?
Откако прочитавте за работите кои не им се допаѓаат на самобендисаните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и 5 работи за нарцисоидните луѓе кои тие не сакаат да ги знаете.
Извор: themindsjournal.com

