Кои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се?

Кои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се?

Дали некогаш сте размислувале за 4-те фактори кои имаат моќ да ги обликуваат нашите животи онакви какви што се? Во продолжение прочитајте за кои фактори станува збор.

Кои фактори се пресудни во обликувањето на нашите животи онакви какви што се?

Гени

Влијанието на гените за тоа што сме такви какви што сме е неоспорно во научните кругови. Се смета дека тие сочинуваат околу 50% од нашиот развој како личност. Освен тоа, од нив зависат многу физички атрибути како боја на кожа, коса и очи, висина како и подложност на одредени болести. Дури и особините на личноста како интровертност, екстровертност и темперамент се тесно поврзани со нив.

Воспитување

Доколку влијанието на гените изнесува 50% другите 50% се отсликани преку нашата непосредна околина. Неодамнешни истражувања покажале дека 20 до 50% од разликите во детскиот раст и развој се должи на влијанието на родителите. Вредностите и ставовите кои ги имаме за себе, за нашите односи со другите, образованието, религијата, политиката итн., потекнуваат од нашето воспитување. Подоцна, како што созреваме и ги развиваме вештините за критичко размислување, полесно одлучуваме дали ќе ги задржиме тие вредности или ќе ги отфрлиме.

Технологија

Присуството на технологијата во секојдневниот живот е неоспорен факт за нејзиното големо влијание врз општеството. Со други зборови, денес технологијата е таа што ги контролира нашите животи во толкава мера што влијае врз секој аспект од нашиот развој, без разлика дали е когнитивен, емотивен, општествен, образовен или политички.

Неочекувани настани

Ова е нешто за кое честопати мислиме дека нема големо влијание врз нашиот развој. Сепак, дел од научниците тврдат дека неочекуваните настани можат да бидат помоќни дури и од факторите на околината. Да претпоставиме дека нашиот живот наликува на астероид кој доколку не биде применета некаква сила, ќе продолжи да се движи низ вселената по истиот пат како и досега сè додека не умреме. Токму неочекуваните настани можат да предизвикаат промена на траекторијата на астероидот. Тие можат да бидат позитивни (на пример, средба со идниот брачен другар, добивање неочекувана понуда за работа) или негативни (тешка болест, сообраќајна несреќа) и имаат моќ да го обликуваат вашето „јас“ на сосема неочекуван начин.

Откако прочитавте за 4-те фактори кои влијаат врз нашите животи, можеби ќе сакате да прочитате и кои правила ќе ви помогнат во најтешките животни ситуации.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар