Месечен кинески хороскоп за јули: Нови можности за нови успеси!
Што ни предвидува кинескиот хороскоп за јули? Прочитајте во продолжение!
Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Ќе мора да се соочите со одредени непредвидени околности врз кои нема да можете да влијаете. Сепак, бидете внимателни со луѓето кои ќе ве опкружуваат бидејќи постои можност вашите планови да бидат нарушени поради поединци.
Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Во јули ве очекуваат промени – ќе се појават нови луѓе во вашиот живот, а некои ќе го напуштат. Размислете што е најважно за вас и кои се вашите приоритети. Запомнете дека за да избегнете неволји доволно е да се потпрете на сопствениот разум. Постои можност за патување, но прво проверете ги сите документи.
Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Зад вашиот грб ќе се случуваат работи за кои никогаш не би се посомневале. Внимавајте бидејќи некој од вашето блиско опкружување не ви мисли добро. Тоа, пак, може да влијае врз финансиите и здравјето. Анализирајте ја моменталната ситуација пред да донесете какви било одлуки.
Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Ве очекува одличен период. Доколку сè уште не сте во врска постојат големи можности дека ќе ја сретнете својата сродна душа токму во јули. Во поглед на кариерата и финансиите, не пропуштајте ги новите можности бидејќи тие можат да ви донесат нови приходи. Не заборавајте дека можете да сметате и на поддршката од пријателите.
Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Во јули ве очекува многу работа, но ќе успеете да се справите со сите задачи. Постои голема можност токму во овој период да ви се оствари сонот за кој долго време размислувавте. Но, пред тоа да се случи ќе треба да расчистите некои ситуации од минатото. Пријател ќе ви помогне во тоа.
Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Во јули ќе имате многу работа поврзана со бирократија и договори. Освен тоа ќе треба да направите важен избор кој може да биде поврзан со патување, преселување или со вашето здравје. За среќа можете да направите две работи истовремено и бидете сигурни дека сè ќе се среди.
Продолжува на следната страница…